Descargar Imprimir esta página

Dremel 4200 Traducción De Las Instrucciones Originales página 105

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 21
n. Никогаш не спуштајте го електричниот алат
додека движеƏето на приборот целосно не запре.
Ротирачкиот прибор може да ја зафати површината
на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над
електричниот алат.
o. Откако ќе смените бургија или ќе направите
било какво дотеруваƏе, проверете дали стезната
чаура стезната глава или кој и да е друг дел за
подесуваƏе е безбедно прицврстен. Лабавите
делови за подесување можат неочекувано да се
слизнат и да предизвикуваат губење на контролата,
а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат
исфрлени.
p. Никогаш не вклучувајте го електричниот
алат додека го носите. Случајниот контакт со
ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати
облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се
зарие во телото.
q. Редовно чистете ги отворите за вентилација на
електричниот алат. Вентилаторот на моторот
привлекува прашина во внатрешноста на куќиштето,
а прекумерното насобирање на метален прав може да
предизвика електрична опасност.
r. Немојте да ракувате со електричниот алат во
близина на запалливи материи. Искрите би можеле
да ги запалат тие материјали.
s. Немојте да користите прибор кој изискува течни
средства за ладеƏе. Користењето вода или други
течности за ладење може да предизвика електричен
шок.
t. Користете потполно одмотани и безбедни
продолжени кабли со капацитет од минимум 5
ампера.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ
ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради
блокирана или заглавена брусна плоча, брусна
лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето
или блокирањето предизвикува брзо придушување
на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува
неконтролираната електрична алатка да биде
присилена во правец спротивен од правецот на вртење
на приборот. На пример, ако брусната плоча се блокира
или заглави во некое работно парче, работ на брусната
плоча која се заглавила во работното парче може да се
зарие во површината на материјалот и да предизвика
испаѓање на плочата или повратен удар. Брусната
плоча може да отскокне накај или откај лицето коешто
ракува со алатот, зависно од правецот на вртење на
брусната плоча на местото на блокирање. Брусната
плоча може и да се искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна употреба
на електричниот алат и/или неисправно работење
или услови, и може да се избегне ако се преземат
соодветните долунаведени мерки на претпазливост.
Ь. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето
тело нека биде во положба во која е во состојба да
им се спротивстави на силите на повратниот удар.
Оператерот може да го контролира повратниот
удар доколку се преземат исправни мерки на
претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога работите во
подрачје на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
одбиваƏе или блокираƏе на приборот. Аглите,
острите рабови или одбивањето на приборот
доведуваат до блокирање на ротациониот прибор и
тоа може да предизвика губење на контролата или
повратен удар.
c. Немојте да приклучувате лист од назабена
пила. Таквите прибори честопати предизвикуваат
повратен удар и доведуваат до губење на
контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во
истиот правец како остриот крај кој излегува од
материјалот (кое е во истиот правец во кој паѓаат
отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен
правец, тоа ќе предизвика остриот крај од бургијата
да излезе од работа и ќе го повлече алатот во овој
правец.
e. Кога користите ротациона пила, шајбни за сечеƏе,
високобрзински секачи или секачи од волфрам и
тврд метал, обработуваното парче секогаш нека
биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ќе се
заглават ако се ставени лабаво во жлебот и може
да има повратен удар. Ако шајбната за сечење се
заглави, самата шајбна обично ќе се скрши. Кога
ротациската турпија, високобрзинскиот секач
или секачот од волфрам или од тврд метал ќе се
заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а Вие
може да ја изгубите контролата над алатката.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО ПРИБОРИ И АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
Ь. Користете само шајбни кои се препорачани за
Вашиот електричен алат и само за препорачани
намени. На пример: немојте да брусите со бочната
страна од брусната плоча. Абразивните плочи
за сечење се предвидени за периферно брусење, а
бочната примена на сила врз брусната плоча може да
предизвика тие да се се скршат.
b. За навојни абразивни конуси и приклучоци
користете само неоштетени шајбни со осовинки
со необработени прирабници кои се со исправна
големина и должина. Исправните осовинки ќе ја
намалат можноста за кршење.
c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечеƏе
или да применувате премногу голем притисок. Не
обидувајте се да правите премногу длабоко сечеƏе.
Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува
напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира
плочата, како и можноста за повратен удар или
кршење на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред
или зад ротирачката плоча. Ако плочата на местото
на работење се движи од Вашето тело нанапред,
во случај на повратен удар, електричниот алат со
ротирачката плоча може да отскокне директно кон
Вас.
e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било
која причина престанете со работата, исклучете
го алатот и држете го мирно сè додека брусната
плоча целосно не се смири. Никогаш не обидувајте
се да ја извадите плочата за сечеƏе од работното
парче додека брусната плоча сè уште се врти,
бидејќи во спротивно може да дојде до повратен
удар. Проверете и отстранете ја причината за
заглавување или блокирање на брусната плоча.
f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за
сечеƏе додека тој се наоѓа во работното парче.
Брусната плоча нека ја достигне својата полна
брзина и потоа внимателно продолжете со
сечеƏето. Брусната плоча може да се заглави, да
отскокне или да предизвика повратен удар доколку
алатот повторно се вклучи додека е во работното
парче.
g. Потпрете ги плочите или големите работни
парчиƏа за да го намалите ризикот од блокираƏе
на брусната плоча и од повратен удар. Големите
работни парчиња можат да се свиткаат под својата
сопствена тежина. Мора да се стават потпирки под
работното парче во близина на работ на работното
парче од двете страни на брусната плоча.
105

Publicidad

loading