Descargar Imprimir esta página

Одржување И Чување - Stiga MJ 66 Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para MJ 66:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 169
машината и направете ги неопходните по-
правки пред да одново да ја користите.
26) Исклучете го уредот со сечивото 
и напојувањето и застанете го мото-
рот (внимавајќи при тоа сите делови во 
движење да бидат застанати докрај)
–    П ред дополнување со гориво,
–    С екојпат кога ја вадите или поставувате 
вреќата за собирање,
–    С екојпат кога го вадите или поставувате 
дефлекторот за страничниот испуст.
–    П ред да ја регулирате висината на косење 
ако оваа операција не била извршена од 
позицијата на операторот.
27) Исклучете го уредот со сечивото или 
напојувањето во текот на транспортот и 
секојпат кога не се користи.
28) Намалете го забрзувањето пред да го ис-
клучите моторот. Затворете го напојувањето 
со гориво по завршување со работа следејќи 
ги инструкциите во упатството.
29) Не ставајте повеќе од еден уред со се-
чиво на плочата бидејќи уредот со ротирачко 
сечиво може да ја попречи ротацијата на 
другото сечиво.
30) ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или 
инциденти во текот на работата, веднаш 
исклучете го моторот и оддалечете ја ма-
шината внимавајќи да не предизвикате 
други оштетувања. Во случај на инцидент 
со лична повреда или повреда на трето 
лице, пристапете веднаш кон постапката 
за давање најсоодветна прва помош за 
дадената состојба и обратете се во соодве-
тен центар за здравствена заштита за не-
опходно лекување. Отстранете ги темелно 
сите остатоци од косењето што може да 
предизвикаат дефект или повреди на лица 
или животни ако останат незабележано во 
машината.
31) ВНИМАНИЕ – нивото на бучавата и ви-
брациите дадени во ова упатство се макси-
мални вредности при употреба на машината. 
Употребата на уредот со сечивото којшто 
не е стабилен, движењето со преголема 
брзина, неодржувањето на машината, зна-
чително влијаат врз емисијата на бучава 
или вибрации. Затоа, неопходно е да при-
менувате заштитни мерки за да елимини-
рате можни оштетувања заради зголемена 
бучава или значителни вибрации. Редовно 
одржувајте ја машината, носете слушалки 
против бучава и правете паузи во работата.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) ВНИМАНИЕ! – Извадете го клучот и 
прочитајте го соодветното упатство пред да 
започнете какви било дејства за одржување 
или поправка. Носете соодветна облека и 
ракавици за работа во сите ситуации каде 
има ризик за рацете.
2) ВНИМАНИЕ! – Никогаш не користете 
ја машината со користени или оштетени 
делови. Оштетените или дефектните де-
лови треба да се  заменат, никогаш да не 
се поправаат. Користете само оригинални 
резервни делови: употребата на делови 
коишто не се оригинални и/или несоодветно 
поставени може да доведат до инциденти 
или лични повреди, а со тоа се ослободува 
производителот од секоја обврска или одго-
ворност. 
3) Сите операција за одржување и 
регулација што не се опишани во ова упат-
ство треба да ги спроведе застапникот или 
специјализиран сервисен центар бидејќи 
знаат како и ги имаат неопходните инстру-
менти со коишто работата ќе се заврши пра-
вилно, земајќи го во предвид првибитниот 
степен на безбедност на машината. Сите 
операции што се изведени на несоодветен 
начин и од неквалификувани лица при-
донесуваат да се изгуби секоја форма на 
гаранција и секој облик на обврска на произ-
водителот.
4) По секое користење, извадете го клучот и 
проверете дали има оштетувања.
5) Сите завртки и навртки одржувајте ги 
соодветно зацврстени за да бидете сигурни 
дека машината е безбедна за работа. Ре-
довното одржување е основен предуслов 
за безбедност и за одржување на правилна 
работа на машината.
6) Редовно проверувајте дали навртките на 
уредот за косење се правилно засегнати.
7) Носете работни ракавици за ракување со 
уредот со сечивото при вадење и вадење.
8) Одржувајте ја рамнотежата на уредот со 
сечивото кога се остри. Сите операции што 
се поврзани со уредот со сечивото (вадење, 
острење, изедначување, повторно ставање 
и/или замена) се одговорни работи и изис-
куваат специфична компетентност покрај 
соодветни алати. Од безбедносни при-
чини, истите треба секогаш да ги извршува 
специјализиран сервисен центар.
9) Редовно проверувајте ја работата на сопи-
рачката. Важно е да ја одржувате работата 
на сопирачката и ако е неопходно да ја по-
правите.
10) Честопати проверувајте ги заштитата за 
задниот испуст, заштитата за страничниот 
испуст или заштитата на задниот испуст, 
како и вреќата за собирање и решетката за 
воздух. Заменете ги ако се оштетени.
11) Заменете ги етикетите со упатства и по-
раки за внимание ако се оштетени.
12) Спуштете ја плочата со уредот со сечи-
вото секогаш кога треба да се одложи маши-
MK - 4

Publicidad

loading