зашрафете ги докрај четирите шрафови (1).
5.3.2 Притисок на пневматиците
(сл. 5.2)
Правилниот притисок на пневматиците е
неопходен услов за одржување совршено
рамна плоча со уредот со сечивото, а со тоа
и еднакво порамнет тревник.
Извадете го заштитното капаче, поврзете го
вентилот со уред за компримиран воздух со
манометар и регулирајте го притисокот со-
гласно посочените вредности.
5.3.3 Дополнување масло и гориво
ЗАБЕЛЕШКА Видот на масло и бензин
за употреба се посочени во упатството за
моторот.
За да пристапите до отворот за масло, треба
да го превртите седиштето и да го извадите
капакот одоздола.
Моторот се контролира преку нивото на
маслото за моторот: согласно прецизните
својства посочени во упатството за моторот,
маслото треба да се наоѓа меѓу обележјата
МИН и МАКС на отворот. (сл. 5.3).
Наполнете гориво во резервоарот со инката
внимавајќи при тоа да го наполните докрај.
(сл. 5.4).
ОПАСНОСТ!
Полнењето треба да се
спроведе со изгаснат мотор на отворено
или добро проветруван простор. Запом-
нете дека испарувањата од бензинот се
запаливи! НЕ ПРИБЛИЖУВАЈТЕ ОГАН ДО
ОТВОРОТ НА РЕЗЕРВОАРОТ И НЕ ПУШ-
ТЕТЕ ДОДЕКА ПОЛНИТЕ ГОРИВО.
ВАЖНО Избегнувајте пролевање бензин
врз пластичните делови за да не се оштетат.
Во случај на ненамерно пролевање, исперете
веднаш со вода. Гаранцијата не ги покрива
оштетувањата на пластичните делови на
каросеријата или на моторот предизвикани
од бензин.
5.3.4 Поставување на машината и
монтирање за заштитата на изле-
зот (вреќа за собирање или деф-
лектор на страничниот испуст)
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува да
се извршува косење на тревникот на раз-
лични начини согласно поставената допол-
нителна опрема. Овде наведената дополни-
телна опрема може да претставуваат дел од
оригиналната опрема што се доставува или
може да се набават последователно. Пред да
започнете со работа, треба да ја подготвите
машината на местото каде имате намера да
косите.
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МО-
ТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
ВНИМАНИЕ!
машината без да ставите заштита на из-
лезот!
• Поставување за косење и собирање на
треватаво вреќата за собирање
(сл. 5.5)
Закачете ја вреќата за собирање (1)
вметнувајќи ги двете куки (2) во просторот
на двете порпори (3).
• Подготовка за косење и дробење
на тревата (функција „дробење" -
mulching) (сл. 5.7)
Проверете дали внатрешноста на плочата
со уредот со сечивото е доволно чиста и без
кора со засушена трева и кал коишто може
да го отежнат вметнувањето на капакот на
штитникот за „дробење"
Поставете ја плочата со уредот со сечивото
во позиција за максимална висина и вмет-
нете ја дополнителната опрема за „дробење"
(1) во отворот на излезот, притиснете докрај
во внатрешноста на каналот за исфрлање
додека не застане.
Прикачете ги двете еластични јажиња (2)
во двата предвидени отвори од страните на
каналот за исфрлање (3).
Потоа, ставете за вреќата за собирање како
што е посочено погоре.
• Подготовка за косење и страничен ис-
пуст на тревата (сл. 5.8)
Подигнете ги безбедносната рачка (1) и за-
штитата за страничниот испуст (2). Закачете
го дефлекторот за страничниот испуст (3) и
спуштете ја заштитата (2), проверувајќи дека
е добро закаена за соодветните места (3a)
на дефлекторот.
Правилната монтажа на дефлкторот за
страничниот испуст е видлива преку
порамнувањето на двете стрелки(4).
Потоа, ставете за вреќата за собирање како
што е посочено погоре.
5.3.5 Контрола на безбедноста и на
ефикасноста на машината
1. П роверете дали безбедносните уреди се
прикачени како што е посочено (видете
5.2).
2. П роверете дали сопирачката работи пра-
вилно.
MK - 11
Никогаш не користете ја