Wilo HC 20.1 + EMU FA Serie Manual De Instrucciones página 645

Ocultar thumbs Ver también para HC 20.1 + EMU FA Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 1115
Fig. 2: Точка на подигнување
5.3
Лежишта
Упатство за вградување и работа Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Транспорт и лежиште
▪ Придржувајте се до важечките национални безбедносни прописи.
▪ Употребувајте само законски пропишана и дозволена опрема за подигнување.
▪ Опремата за подигнување треба да се избере на основа на условите на
располагање (времето, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Опремата за подигнување прицврстувајте ја само на точката предвидена за
подигнување. Можете да ја прицврстите со помош на стремен.
▪ Употребувајте опрема за подигнување со доволна носивост.
▪ Треба да биде загарантирана стабилноста на опремата за подигнување додека се
употребува.
▪ Кога се употребува опремата за подигнување, мора да биде присутно и второ
лице коешто ќе координира кога е потребно (пр. попречен поглед).
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по животот, треба да се
деконтаминира по демонтажа со се сите нејзини делови! Постои опасност по
животот! Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот
мора да се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работното коло и вшмукателната наставка имаат остри рабови!
Може да има остри рабови на работното коло и вшмукателната наставка.
Постои опасност од исекување на рацете! Треба да носите заштитни ракавици
за да се заштитите од исеченици.
ВНИМАНИТЕЛНО
Целосно оштетување поради влага
Доколку водот за снабдување со струја се оштети од влага, ќе се оштети и
пумпата! Крајот на водот за снабдување со струја не смее да се потопува во
течности и треба да биде добро затворен кога е складиран.
Новоиспорачаните пумпи можете да ги складирате во траење од една година.
Консултирајте се со службата за односи со корисниците ако треба да складирате
пумпа подолго од една година.
Внимавајте и на следново при складирање:
▪ Поставете ја пумпата цврсто на подот во стоечка (вертикална) положба и
осигурете ја од паѓање и излизгување!
▪ Макс. температура на складирање изнесува -15 °C до +60 °C (5 до 140 °F) при
макс. влажност на воздухот од 90 % кога нема кондензација. Се препорачува
складирање каде што не се создава мраз при температура од 5 до 25 °C (41 до
77 °F) со релативна влажност на воздухот од 40 % до 50 %.
▪ Пумпата не треба да биде складирана во простории во коишто се заварува.
Гасовите што се создаваат или искрите може да ги зафатат еластомерните
делови и внесувањето слоеви.
▪ Цврсто приклучете вшмукателен и потисен приклучок.
▪ Заштитете ги водовите за снабдување со струја од превиткување и оштетување.
▪ Заштитете ја пумпата од директни сончеви зраци и топлина. Екстремната топлина
може да предизвика оштетување на работните кола и на внесувањето слоеви!
▪ Вртете ги работните кола за 180° на редовни интервали (3 – 6 месеци). Така ќе
избегнете заглавување на лежиштето и ќе го обновите слојот за подмачкување на
mk
645

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido