прстите и се манифестираат со губење
на осет, вкочанетост, чешање, болка,
обезбојување и структурални промени на
кожата. Овие ефекти може да се зголемат
со ниски надворешни температури и /
или од прекумерен притисок врз рачките.
При појава на овие симптоми, треба да
го намалите времето на користење на
машината и да се советувате со лекар.
Ограничување при употреба
• Машината не треба да ја користат лица
што не се во состојба да ја држат цврсто со
обете раце и/или да одржуваат стабилна
рамнотежа на нозете во текот на работата.
• Никогаш не користете ја машината со
оштетена заштита, ако недостасува
или ако не правилно поставена.
• Не користете ја машината ако
дополнителната/помошната опрема
не се поставени на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте,
вадете ги манометарот и безбедносните
системи/микропрекинувачи.
• Не менувајте ги регулациите на моторот
и не доведувајте го моторот во голем
режим на работа. Ако моторот почне да
работи со прекумерен број на вртежи,
ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не изложувајте ја машината на
непотребни сили и не користете
мала машина за изведување тешки
работи; адекватно користење на
машината го намалува ризикот и го
подобрува квалитетот на работата.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Одржување
• За да го намалите ризикот од пожар,
редовно проверувајте дали има
пролеано масло и/или гориво.
•
Дадените нивоа за бучава и
вибрации во ова упатство се максимални
вредности при употреба на машината.
Употребата на елемент за косење којшто
не е стабилен, движењето со преголема
брзина, неодржувањето на машината,
значително влијаат врз емисијата на
бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за
да елиминирате можни оштетувања
заради зголемена бучава или значителни
вибрации. Редовно одржувајте ја
машината, носете слушалки против
бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
• Никогаш не чувајте ја машината со
гориво во резервоарот во просторија
каде испарувањата од горивото
може да допрат до отворен пламен,
искра или до извор на топлина.
• За намалување на ризикот од оган,
не оставајте полни контејнери
во затворен простор.
2.5
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Во текот на работата доаѓа до одредено
распрскување на маслото во средината,
кое пак е неопходно за подмачкување
на синџирот. Заради тоа, користете само
биоразградливи масла, специфични
за вакво користење. Употребата на
минерално масло или моторно масло
предизвикува тешки штети на околината.
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, маслата,
горивото, акумулаторот, филтрите, делови
во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во
ѓубре туку треба да се селектираат и
однесат во соодветни собирни центри
кои рециклираат материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
MK - 4