Descargar Imprimir esta página

Stiga SP 316 C Manual De Instrucciones página 368

Ocultar thumbs Ver también para SP 316 C:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 188
2. Испразнете го резервоарот за масло,
ставете околу 100-120 сс соодветен
течен детергент и ставете го капачето.
3. Ставете го картерот (сл. 8.A) без да го
зашрафите докрај шрафот, внимавајќи
да ја вметнете правилно рачката
за активирање на сопирачката за
синџирот (сл. 8.B) во своето лежите
на предната заштита за рацете
(комплетно повлечена навнатре).
4. Запалете ја машината и оставете
го моторот да работи додека не
согори целиот детергент.
5. Оставете го моторот да работи
на минимум додека не согори
целото гориво што останало во
резервоарот и во карбураторот.
6. Оставете го моторот да се излади.
7. Извадете ја свеќичката.
8. Врз отворите на свеќичката полијте
една кафена лажичка масло
(ново) за двотактни мотори.
9. Повлечете ја неколку пати рачката
за палење за да го дистрибуирате
маслото во цилиндарот.
10. Поставете ја свеќичката со навртката
на најгорната можна точка (да е
видливо низ отворот за свеќичката кога
навртката е на најгорната позиција).
11. Исчистете ја темелно машината.
12. Проверете дали на машината
има оштетувања. Ако е
потребно, контактирајте со
овластен сервисен центар.
13. Одложете ја машината:
– во сува просторија
– и засолнета од лоши временски услови
– со правилно поставена
заштита за лостот
– и на место надвор од дофатот на децата.
– уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
Кога треба да ја запалите машината:
1. Извадете ја свеќичката.
2. Активирајте ја неколку пати рачката
за палење за да го елиминирате
прекумерното масло.
3. Проверете ја свеќичката (пасус 8.5).
4. Подгответе ја машината
(пасус 4.2, поглавје. 6).
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Кога ја носите или транспортирате машината:
– Застанете ја машината (пасус 6.6).
– Почекајте да застане синџирот.
– Отстранете го капачето на
свеќичката (сл. 25.A).
– Ставете ја заштитата за лостот.
– Фатете ја машината само за држачите
и да се насочи лостот во правец
спротивен од правецот на движење.
Кога ја носите машината со возило:
– поставете ја на начин да не
претставува опасност за никого
– цврсто блокирајте ја во текот на
транспортот со јажиња или синџири
за да избегнете превртување и можно
оштетување и истекување на горивото.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите
неопходни индикации за управување со
машината и за правилно одржување што ги
извршува корисникот. Сите интервенции
за регулација и одржување што не се
опишани во ова упатство треба да ги
спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и
ги имаат неопходните инструменти со
коишто работата ќе се заврши правилно,
земајќи го во предвид првобитниот степен
на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани
лица придонесуваат да се изгуби секоја
форма на гаранција и секој облик
на обврска на производителот.
• Само овластените сервиси за помош
може да ги извршуваат поправките и
одржувањето што се под гаранција.
• Овластените сервисни центри користат
само оригинални резервни делови.
Оригиналните резервни делови и
дополнителна опрема се специјално
дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната
опрема што не одобрени, употребата
на резервни делови и дополнителна
опрема што не се оригинални ја
поништуваат гаранцијата.
• Препорачуваме да ја однесете
машината еднаш годишно во овластен
сервис за одржување, помош и
контрола на безбедносните уреди.
MK - 19

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Sp 316