одложување на машината. Оваа
заштита се вади во текот на работата.
K. Заштита за лостот: уред за покривање
на пилата со синџир којшто се става
врз лостот за наведување којшто
се користи при носење, транспорт
и преместување на машината.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО
Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по вадење на амбалажата
следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Во амбалажата има и делови за монтирање
наведени на следната табела:
Опис
Лост за наведување со заштита
Синџир со запци
Клуч
Турпија за острење на синџирот
Документација
4.1.1
Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2
МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот и
со синџирот. Обрнете максимално
внимание при составување на лостот
и синџирот за да не се нарушат
безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Спроведете ги сите
операции со изгасен мотор.
Пред да го поставите лостот,
уверете се дека сопирачката за
синџирот не е вметната (пасус 5.7).
1. Одвртете ја навртката (сл. 3.A) и
извадете го картерот на фрикцијата
(сл. 3.B), за да дојдете до клинот за
преносот и до лежиштето за лостот.
2. Извадете го пластичниот разделник (сл.
3.C). Овој разделник служи единствено
за транспорт на спакувана машина
и не треба повеќе да се користи.
3. Поставете го лостот (сл. 4.A) вметнувајќи
го клинот (сл. 4.B) на местото (сл. 4.C) и
свртете кон задниот дел на машината.
4. Закосете ја машината за да
обезбедите вметнување на
синџирот околу запците (сл. 5).
5. Поставете го синџирот (сл. 6.A) околу
запците за влечење (сл. 6.B) и долж
водилките на лостот (сл. 6.C), внимавајќи
да го почитувате правецот на монтирање.
6. Ако крајот на лостот е опремен со запци
за одложување, внимавајте почетокот
на влечењето за синџирот да се вметне
правилно во празнините на запците (сл. 7).
7. Ставете го картерот (сл. 8.A) без да го
зашрафите докрај шрафот, внимавајќи
да ја вметнете правилно рачката за
активирање на сопирачката за синџирот
(сл. 8.B) во соодветното лежиште
на предната заштита за рацете.
8. Проверете дали клинот за држење
на синџирот (сл. 8.C) на картерот
за фрикција е правилно вметнат во
својот отвор на лостот (сл. 8.D). Во
спротивно, вртете го со шрафцигер
MK - 7
Правец на
монтирање на
синџирот