• Со притискање на левиот ножен педал од ножниот прекинувач или на копчето Енергија со
Напредна хемостаза на инструментот се активира напредна хемостаза. Кога го користите копчето
Енергија со Напредна хемостаза, енергијата нема да се спроведе доколку вилиците не се целосно
затворени. Ова копче активира алгоритам во генераторот кој, заедно со целосното затворање на
чкрапецот, овозможува спојување поголеми крвни садови (со дијаметар до 7 mm).
• Со притискање на десниот ножен педал од ножниот прекинувач или копчето Енергија на
инструментот се активира избраното ниво на моќност (1-5). Копчето Енергија овозможува
спојување крвни садови со дијаметар до 5 mm со целосно затворање на чкрапецот, а може да
овозможи и други примени на меко ткиво (сечење наназад, зарежување, дупчење/создавање
резови, итн.), каде што не е потребно целосно затворање на чкрапецот.
Ножен педал
Десно
Лево
• Генераторот емитува еден од звучните сигнали наведени во табелата подолу за да покаже кога
првпат ќе се активира сечилото на инструментот.
Звук
Копче
Повторување
Копче Енергија
единичен
звучен сигнал
3 повторувања,
Копче Енергија со Напредна
снижувачки
хемостаза
звучни сигнали
•
Генераторот менува во втор звучен сигнал како што технологија за приспособување на ткивото
го регулира спроведувањето на енергијата. Термалните влијанија, како што се флуидите и малата
количина ткиво или немањето ткиво во вилиците, може да влијае врз присуството или изборот
на време за промена на звучниот сигнал. Промената на звукот не дава потврда за ефектот врз
ткивото. Кога ќе се огласи вториот звучен сигнал, треба да се процени ситуацијата и да се доврши
наменетата хируршка активност, како што е постепена примена на притисок за да се олесни
трансекцијата. Промената на вториот звучен сигнал не е замена за хируршко постапување.
Звук
Копче
Повторувачки
Се однесува на двете копчиња
единичен
звучен сигнал
со висок тон
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: избегнувајте контакт со сите метални или пластични инструменти или
предмети кога е активиран инструментот (Илустрација 4). Контактот со спојки, штипки или
други инструменти додека е активен инструментот може да предизвика гребаници на сечилото,
напукнување или кршење на сечилата и предвремено откажување на сечилото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: не користете го копчето Енергија со Напредна хемостаза кога треба
да се спроведе енергија пред целосно затворање на вилиците. Енергијата не се спроведува со
копчето Енергија со Напредна хемостаза сè додека не се затворат вилиците целосно. Користењето
на копчето Енергија со Напредна хемостаза без целосно затворање на чкрапецот може да не
предизвика хемостаза.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: доколку ја запрете активацијата ненамерно за време на спојувањето,
оставете ја вилицата затворена и реактивирајте. Отпуштањето на чкрапецот во текот на
спојувањето може да не предизвика хемостаза.
Копче
Копче Енергија
Копче Енергија со Напредна
хемостаза
Активност
Вклучен генератор: Уредот е активен
Вклучен генератор: Уредот е активен и во режим на
Напредна хеомстаза
Активност
Технологијата за приспособување на ткивото е активна
3
Внимание: држете ја стегалката отворена при сечење наназад или додека е активно сечилото
без ткиво помеѓу сечилото и ткивното перниче за да се избегне оштетување на ткивното перниче
и зголемени температури на сечилото, стегалката и дисталниот дел од телото (Илустрација 5).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: за време на лабораториското тестирање крвни садови >5 mm, најцврсти
споеви на крвните садови беа постигнати кога режимот Напредна хемостаза вршеше целосна
трансекција на целното ткиво.
За оптимално работење и за да се избегне задржување на ткивото, чистете ги сечилото на
инструментот, стегалката и дисталниот крај од телото во текот на целата постапка со активирање
на врвот од инструментот во физиолошки раствор (Илустрација 6).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: не чистете го врвот на сечилото со абразивни средства. Ако треба,
може да се избрише со влажна газа за да се отстрани ткивото. Ако сè уште се гледа ткиво
во стегалката, употребете хемостати за да го отстраните остатокот, но внимавајте да не го
активирате инструментот (Илустрација 7). Не допирајте го инструментот до хемостатите кога
ќе биде активиран. Гребаниците на сечилото може да доведат до негово напукнување, кршење
и предвремено откажување.
Затворете ја стегалката со затворање на чкрапецот и отстранете го телото од трокарот или
8
инцизијата.
9
Исклучете го инструментот од генераторот.
10 ИСКЛУЧЕТЕ го генераторот од струјниот прекинувач.
11 Фрлете ги инструментот и кабелот во соодветен сад. Не е потребно расклопување.
Предупредувања и мерки на претпазливост
•
Сојузните закони (САД) поставуваат ограничување овој уред да се продава само по налог
на лекар.
•
Минимално инвазивните постапки треба да ги вршат само лица со соодветна обука и познавања
за минимално инвазивни техники. Прочитајте медицинска литература поврзана со техники,
компликации и опасности пред да вршите каква било минимално инвазивна постапка.
•
Минимално инвазивните инструменти може да се разликуваат во дијаметарот кај различни
производители. Кога се употребуваат заедно минимално инвазивни инструменти и прибор
од различни производители во одредена постапка, проверете ја компатибилноста пред да ја
започнете постапката.
•
Неопходно е темелно познавање на принципите и техниките што се користат при ласерски,
електрохируршки и ултразвучни постапки со цел да се избегнат струен удар и опасност од
изгореници, и кај пациентите и кај медицинскиот персонал, како оштетување на уредот или
други медицински инструменти. Уверете се дека не е нарушена електричната изолација или
заземјувањето. Не потопувајте ги инструментите во течности, освен инструментите кои се
наменети и означени за потопување.
•
Проверете ја компатибилноста со генераторите. Користете го уредот само со верзија на софтверот
2016-1 или понова од генераторот G11 на Ethicon Endo-Surgery (GEN11). Ревизија на софтверот
може да се најде во „System Information" (Информации за системот) во менито „Settings"
(Поставки) во генераторот G11 (GEN11). Повеќе информации за генераторот G11 (GEN11) може
да се најдат во Упатството за корисникот.
•
Избегнувајте контакт со сите метални или пластични инструменти или предмети кога
е активиран инструментот. Контактот со спојки, штипки или други инструменти додека е активен
инструментот може да предизвика гребаници на сечилото, напукнување или кршење на сечилата
и предвремено откажување на сечилото.
•
Не користете го копчето Енергија со Напредна хемостаза кога треба да се спроведе енергија пред
целосно затворање на вилиците. Енергијата не се спроведува со копчето Енергија со Напредна
хемостаза сè додека не се затворат вилиците целосно. Користењето на копчето Енергија со
Напредна хемостаза без целосно затворање на чкрапецот може да не предизвика хемостаза.
•
Доколку ја запрете активацијата ненамерно за време на спојувањето, оставете ја вилицата
затворена и реактивирајте. Отпуштањето на чкрапецот во текот на спојувањето може да не
предизвика хемостаза.
•
Држете ја стегалката отворена при сечење наназад или додека е активно сечилото без ткиво
помеѓу сечилото и ткивното перниче за да се избегне оштетување на ткивното перниче
и зголемени температури на сечилото, стегалката и дисталниот дел од телото.
4