•
За време на лабораториското тестирање крвни садови >5 mm, најцврсти споеви на крвните садови
беа постигнати кога режимот Напредна хемостаза вршеше целосна трансекција на целното ткиво.
•
Не чистете го врвот на сечилото со абразивни средства. Ако треба, може да се избрише со влажна
газа за да се отстрани ткивото. Ако сè уште се гледа ткиво во стегалката, употребете хемостати
за да го отстраните остатокот, но внимавајте да не го активирате инструментот. Не допирајте го
инструментот до хемостатите кога ќе биде активиран. Гребаниците на сечилото може да доведат
до негово напукнување, кршење и предвремено откажување.
•
Ако откаже системот, проверете дали има соодветна резервна опрема на располагање која
е релевантна за конкретната постапка.
•
Ѕвонењето со висок звук што се добива од сечилото е абнормална состојба и показател дека
сечилото не работи правилно. Тоа може да предизвика ненормално висока температура на телото
и повреда на корисникот или на пациентот.
•
Инструментите овозможуваат коагулација на крвните садови со дијаметар до најмногу 7 mm со
помош на копчето Енергија со Напредна хемостаза. Не обидувајте се да спојувате крвни садови
со дијаметар поголем од 7 mm.
•
Насобирањето крв и ткиво помеѓу сечилото и телото може да доведе до ненормално високи
температури на дисталниот крај од телото. За да спречите изгореници, отстранете ги
евентуалните насобрани остатоци од ткиво на дисталниот крај од телото.
•
Како и кај сите извори на енергија (електрохирургија, ласер или ултразвук), постојат извесни
грижи за карциногеност и инфективност поради второстепени производи, како што се чад од
ткивото или аеросоли. Треба да се преземат превентивни мерки, како што се носење заштитни
очила, филтер-маски и ефикасна опрема за отстранување чад при отворени и при лапароскопски
постапки.
•
Не обидувајте се да го виткате, острите или на поинаков начин да го менувате сечилото. На тој
начин може да се предизвика откажување на сечилото или повреда на корисникот или пациентот.
•
За да се избегне повреда на корисникот или пациентот доколку дојде до случајно активирање,
сечилото на инструментот, стегалката и дисталниот крај на телото не треба да бидат во контакт со
пациентот, завесите или запаливите материјали кога не се користат.
•
Во текот и по активацијата во ткивото, сечилото на инструментот, стегалката и дисталните 7 cm
од телото може да се вжештат. Постојано избегнувајте ненамерен контакт со ткивото, завесите
или хируршката облека.
•
Не влегувајте со инструментот и не вадете го кога ќе биде со отворени вилици низ канилата на
трокарот затоа што може да се оштети инструментот.
•
Треба да се внимава да не се применува притисок помеѓу сечилото на инструментот и ткивното
перниче без да има ткиво меѓу нив. Со стегање на ткивното перниче и активното сечило без
ткиво по целата должина на сечилото може да се покачи температурата на сечилото, стегалката
и дисталниот дел од телото и на тој начин има можност да се оштети инструментот. Ако се случи
ова, можеби се јавил дефект на инструментот, па на екранот на допир од генераторот ќе се појави
порака за решавање проблеми.
•
За да се избегне повреда на корисникот или пациентот, не активирајте електрохируршки уред
во близина на инструментите HARMONIC. Аеросолите што се создаваат со активирање на
инструментите HARMONIC во масни ткива се потенцијално запаливи.
•
Кога ќе се активира сечилото на инструментот, се активираат целиот изложен врв на сечилото
и изложеното тело на сечилото и ќе сечат/коагулираат ткиво. Погрижете се да избегнете
несакан контакт меѓу сите изложени површини на сечилото и околното ткиво кога го користите
инструментот.
•
Користете само соодветен ножен прекинувач, инструменти и кабел за напојување за да бидете
сигурни дека се компатибилни со генераторот.
•
По отстранувањето на инструментот, проверете дали кај ткивото настапила хемостаза. Ако нема
настапено хемостаза, треба да се искористат соодветни техники за запирање на крвта.
•
Можеби ќе бидат потребни дополнителни мерки за успешна хемостаза кога се користат
инструментите HARMONIC за трансекција на тврдите органи. Поради отежнатата видливост на
внатрешните структури, продолжете полека и не обидувајте се да вршите трансекција на големи
маси ткиво при една активација. Избегнувајте поделба на големи васкуларни/билијарни снопови
кога го користите инструментот при овие услови.
5
•
Производите што ги произведуваат или дистрибуираат компании коишто не се овластени од
Ethicon Endo-Surgery може да не се компатибилни со системот HARMONIC. Користењето
такви производи може да доведе до неочекувани резултати и можна повреда на корисникот
или пациентот.
•
Со инструментите или уредите кои доаѓаат во контакт со телесни течности треба соодветно да се
постапува за да се спречи биолошко загадување.
•
Случајно или продолжено активирање на цврсти површини, како што се коските, може да доведе
до загревање на сечилото и негово последователно откажување, па затоа треба да се избегнува.
•
Фрлете ги сите отворени инструменти, без оглед дали се користени или не. Овој уред е спакуван
и стерилизиран само за една употреба.
•
Повторната употреба, неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите за
еднократна употреба може да ја нарушат структурната целокупност на уредот и/или да доведат до
дефект на уредот што пак може да предизвика повреда на пациентот, болест или смрт.
•
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите за
еднократна употреба може да создадат ризик од контаминација и/или да предизвикаат инфекција
или накрсна инфекција, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пренесување на заразни болести.
Контаминацијата може да доведе повреда, болест или смрт.
Фрлање
Некои внатрешни компоненти на инструментот Ножици HARMONIC HD 1000i содржат олово (PZT
Олово-цирконат-титанат). Фрлањето треба да се врши според локалните барања и прописи.
Како се испорачува
Инструментот Ножици HARMONIC HD 1000i се добавува стерилен за употреба само на еден
пациент. Исфрлете го инструментот по употребата.
6