Филтер За Воздух - Honda Motor GCV145 Manual Del Propietário

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 41
4PZ9C8002.book Page 5 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
гориво што содржи етанол или метанол повеќе од прикажаното
погоре може да предизвика проблеми при стартувањето и/или
перформансот. Тие исто така можат да го оштетат металот, гумата и
пластичните делови на системот за гориво. Оштетувања на моторот
или проблеми со перформансот што произлегуваат од користење
гориво со процент на етанол или метанол повисок од прикажаниот
погоре не се покриени со гаранција.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бензинот е високо запалива и експлозивна супстанција.
Може да се изгорите или сериозно да се повредите
кога ракувате со гориво.
• Изгаснете го моторот и оставете го да се излади
пред да ракувате со гориво.
• Држете го подалеку изворите на топлина, искри и
пламен.
• Ракувајте со горивото само на отворен простор.
• Држете го подалеку од вашето возило.
• Веднаш избришете доколку ви се истури бензин
надвор од моторот.
НАПОМЕНА
Горивото може да ја оштети бојата и одредени видови пластика.
Внимавајте да не ви истече гориво додека го полните резервоарот за
гориво. Штетата предизвикана од истурено гориво не е покриена со
Гаранцијата.
Никогаш не користете бензин кој е застоен, загаден или измешан со
масло. Не дозволувајте да навлезе нечистотија или вода во
резервоарот за гориво.
Погледнете ги упатствата за повторно полнење гориво приложени
со опремата што се напојува со овој мотор.
1. Со изгаснат мотор, поставен на рамна површина, извадете го
капакот од резервоарот за гориво и проверете го нивото на
гориво. Наполнете го резервоарот ако нивото на гориво е ниско.
2. Додајте гориво до горното ниво на резервоарот за гориво.
Избришете го истурениот бензин пред да го стартувате моторот.
3. Внимателно полнете за да избегнете истекување на горивото. Не
преполнувајте го резервоарот за гориво (не смее да има гориво
во грлото на полначот). Можеби ќе биде потребно да го намалите
нивото на гориво, во зависност од работните услови. По
полнењето, стегнете го капакот на резервоарот за гориво.
Чувајте го бензинот подалеку од конторолни светла на уреди, скари,
електрични уреди, алати на струја итн.
Истеченото гориво не само што претставува опасност, туку е штетено
и за животната средина. Веднаш избришете доколку ви се истури
бензин надвор од моторот.
МОТОРНО МАСЛО
Маслото е главен фактор кој влијае врз перформансот и работниот век.
Користете 4-тактно автомобилско масло.
Препорачано масло
Видете Слика 10, страница A-3.
Користете 4-тактно моторно масло кое ги задоволува или надминува
барањата за API сервис, категорија ЅЕ или подоцнежни (или
еквивалентни). Секогаш проверувајте ја АPI ознаката за сервис на
контејнерот на моторното масло за да бидете сигурни дека ги
содржи буквите ЅЕ или подоцнежни верзии.
Спецификации на масло за подмачкување потребни за одржување
на перформансот на системот за контрола на издувни гасови:
Оригинално масло Honda.
SAE 10W-30 се препорачува за општа употреба. Другите вискозитети
прикажани во графиконот можат да се користат кога просечната
температура во вашата област е во рамките на наведениот опсег.
Проверка на ниво на масло
Видете Слика 9, страница A-3.
1. Извадете го капачето на полначот за масло/шипката за контрола
на течност и избришете го.
2. Ставете ја шипкта за контрола на течност во вратот на полначот
за масло, но не вртете ја.
3. Доколку нивото е ниско, додајте од препорачаното масло до
горниот лимит на шипката за контрола на течност.
5
4. Ставете го капачето на полначот за масло/шипката за контрола
на течност.
НАПОМЕНА
Функционирањето на моторот со ниско ниво на масло може да
предизвика штета. Овој вид оштетување не е покриен со
Гаранцијата.
Замена на масло
Видете Слика 9, страница A-3 и Слика 11, страница A-3.
Исцедете го моторното масло кога моторот е загреан. Топлото масло
се цеди побрзо и целосно.
1. Свртете ја рачката на вентилот за гориво во позиција
ИСКЛУЧЕНО.
Видете Слика 2, страница A-2.
2. Извадете го капачето на полначот за масло и исцедете го маслото
во контејнерот за масло со навалување на моторот кон грлото на
полначот за масло.
3. Наполнете со препорачаното масло и проверете го нивото на
масло.
НАПОМЕНА
Функционирањето на моторот со ниско ниво на масло може да
предизвика штета.
Овој вид оштетување не е покриен со Гаранцијата.
Капацитет на моторно масло: 0,40 L
4. Повторно вратете го назад капачето на полначот за масло/
шипката за контрола на течност.
Измијте ги рацете со сапун и вода по менувањето на искористеното
масло.
НАПОМЕНА
Искористеното моторно масло фрлете го на начин на кој тоа нема
да штети на животната средина. Ви препорачуваме да го однесете
во запечатен контејнер во вашиот локален овластен сервис. Не
фрлајте го во ѓубре, не истурајте го на земја ниту во одвод.
ФИЛТЕР ЗА ВОЗДУХ
Нечистиот филтер за воздух го ограничува протокот на воздух до
карбураторот, намалувајќи го перформансот на моторот. Ако
моторот го користите во многу правливи области, филтерот за
воздух чистете го почесто од она што е наведено во РАСПОРЕДОТ ЗА
ОДРЖУВАЊЕ (видете на страница 4).
НАПОМЕНА
Ако моторот работи без филтер за воздух или со оштетен филтер за
воздух, може да навлезе нечистотија во моторот, предизвикувајќи
побрзо расипување на истиот. Овој вид оштетување не е покриен со
Гаранцијата.
Проверка
Извадете го капакот на филтерот за воздух и проверете го филтерот.
Исчистете го или земенете го. Секогаш заменувајте го оштетениот
филтер за воздух.
Чистење
Видете Слика 13, страница A-4.
1. Извадете го филтерот за воздух со откачување на двете горни
јазичиња на горниот дел од капакот на филтерот за воздух и
двете долни јазичиња.
2. Извадете го елементот. Внимателно проверете дали на елементот
има дупки или е скинат и заменете го доколку е оштетен.
3. Чукнете го елементот лесно неколку пати од тврда површина за
да ја истресете нечистотијата, или издувајте го со компресиран
воздух 29 psi (200 kPa) од внатре кон надвор. Никогаш не чистете
ја нечистотијата со четка; четката ќе ја внесе нечистотијата во
влакната. Заменете го елементот доколку е многу нечист.
4. Избришете ја нечистотијата од телото на филтерот за воздух и
капакот со помош на влажна крпа. Не дозволувајте да навлезе
нечистотија во цевката за воздух што води до карбураторот.
5. Монтирајте го елементот и капакот на филтерот за воздух.
МАКЕДОНСКИ

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gcv170Gcv200

Tabla de contenido