4PZ9C8002.book Page 6 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
Проверка на сопирачка на погонско тркало (применливи
видови)
Проверете го јазот на рачката на сопирачката на погонското тркало.
Ако е помал од 2 mm, однесете го моторот кај вашиот овластен дилер
за Honda.
Видете Слика 12, страница A-3.
СВЕЌИЧКА
Видете Слика 14, страница A-4.
Препорачана свеќичка:
BPR5ES (NGK)
Препорачаната свеќичка го има точниот опсег на топлина за
нормални работни температури на моторот.
НАПОМЕНА
Несоодветна свеќичка може да го оштети моторот.
Ако моторот работел, оставете го да се излади пред сервисирање на
свеќичката.
За добар перформанс, свеќичката мора да биде правилно зазорена и
без наслаги од депозити.
1. Отстранете го капачето од свеќичката и отстранете ја сета
нечистотија околу свеќичката.
2. Извадете ја свеќичката со рачвест клуч за свеќички.
3. Визуелно проверете ја свеќичката. Фрлете ја доколку има
очигледни знаци на истрошеност, или доколку изолаторот
е напукнат или поткршен.
Исчистете ја свеќичката со четка со жица, ако сакате повторно да
ја користите.
4. Измерете го зазорот на свеќичката со шаблон за мерење
(шпиунка). Коригирајте го доколку е потребно со свиткување
на страничната електрода.
Зазорот треба да биде:
0,7–0,8 mm
5. Проверете дали шајбната на свеќичката е во добра состојба и
навртете ја свеќичката рачно за да спречите вкрстување и
оштетување на навоите.
6. Откако ќе ја наместите свеќичката, стегнете ја со рачвест клуч за
да ја притисне шајбната.
Кога монтирате нова свеќичка, стегнете ја за 1/2 завој откако ќе ја
поставите за да ја притисне шајбната.
Кога монтирате користена свеќичка, стегнете ја за 1/8 -1/4 вртење
откако ќе ја поставите за да ја притисне шајбната.
ВРТЕЖ:
20 N∙m (2,0 kgf∙m)
НАПОМЕНА
Лабава свеќичка може да се прегрее и да го оштети моторот.
Престегнувањето на свеќичката може да ги оштети навоите во
главата на цилиндерот.
7. Ставете го назад капачето на свеќичката.
ПРИДУШУВАЧ НА ПЛАМЕН (применливи видови)
Во некои области, работењето со мотор без ваков придушувач на пламен
не е законско. Проверете ги локалните закони и регулативи. Придушувач
на пламен може да се набави од овластени сервиси за Honda.
Придушувачот на пламен мора да се сервисира на секои 100 часа за
да ја одржувате неговата функционалност согласно дизајнот.
Доколку моторот бил во функција, издувниот лонец ќе биде жежок.
Оставете го да се излади пред да го сервисирате придушувачот на
пламен.
Отстранување на придушувач на пламен.
Видете Слика 15, страница A-4, Слика 16, страница A-4 и Слика 17,
страница А-5.
1. Извадете го шрафот и шајбната со пружина.
2. Извадете го капакот на резервоарот за гориво.
3. Извадете го горниот капак со откачување на четирите јазичиња
на горниот капак.
4. Извадете го штитникот на издувниот лонец со отстранување на
трите 6 мм болцни.
5. Извадете го придушувачот на пламен од издувниот лонец со
отстранување на шрафот. (Внимавајте да не ја оштетите жичаната
мрежа).
Проверка и чистење на придушувач на пламен
Видете Слика 15, страница A-4, Слика 16, страница A-4 и Слика 17,
страница А-5.
Проверете дали има депозити од јаглен околу издувниот отвор и
придушувачот на пламен и исчистете ги ако е потребно.
1. Користете четка за да ги отстраните депозитите од јаглен
од мрежата на придушувачот на пламен. Внимавајте да не ја
оштетите мрежата. Заменете го придушувачот на пламен доколку
е поткршен или има дупки.
2. Монтирајте го придушувачот на пламен, издувниот лонец и
капакот на резервоарот за гориво по обратен редослед од
расклопувањето.
ВНИМАНИЕ
Не користете го моторот кога е изваден горниот капак.
Може да се повредите од ротирачките делови или да
се изгорите од издувниот лонец.
ПОЛНЕЊЕ АКУМУЛАТОР
Проверете колку е полн акумулаторот
Индикаторот на акумулаторот покажува колку е наполнет. Вклештете
ја рачката на сопирачката на опремата што се напојува со овој мотор
за видите колку е полн.
–
(Вклучено): Акумулаторот е наполнет доволно.
–
(Трепка): Акумулаторот е испразнет.
–
(Испразнет): Акумулаторот е скоро празен.
Видете Слика 19, страница A-5.
Полнење
Зависно од спецификациите на машината, во пакетот за полнење во
итен случај ќе биде вклучен надворешен УСБ-полнач. Полнењето е
можно со поврзување на надворешниот USB полнач со USB портата
за полнење.
Надворешниот приклучок на USB полнач може да се користи за
видовите C или BF со заменување на приклучоците.
Видете Слика 19, страница A-5.
НАПОМЕНА
При полнење, треба да бидете свесни за следниве работи.
• Избегнувајте употреба на места каде што прашина може лесно да
навлезе во портата за полнење.
• Погрижете се да го исклучите моторот пред да го поврзете
надворешнот USB полнач со USB портата за полнење.
• Не дозволувајте USB портата за полнење и надворешниот USB
полнач да се натопат со течност.
1. Извадете го гуменото капаче од USB портата за полнење и
поврзете го надворешниот USB полнач со струја.
100–240 VAC приклучок за струја: C вид или BF вид
2. Поврзете го USB терминалот на надворешниот USB полнач со USB
портата за полнење.
3. Индикаторот на акумулаторот започнува да трепка и тогаш
започнува полнењето.
Кога ќе се светне индикаторот на акумулаторот, тоа значи дека
акумулаторот е целосно наполнет.
4. По полнењето, исклучете го надворешниот USB полнач од
моторот и од приклучокот за струја.
МАКЕДОНСКИ
6