4PZ9C8002.book Page 9 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
Информации за системот за контрола на издувни гасови
Гаранција за системот за контрола на издувни гасови
Вашата нова Honda е во согласност со регулативите за издувни
гасови на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) и
на Државата Калифорнија. American Honda обезбедува гаранција за
иста емисија на издувни гасови за мотори на Honda Power Equipment
што се продаваат во сите 50 држави. Во сите области на САД, вашиот
мотор од Honda Power Equipment е дизајниран, изработен и опремен
во согласност со стандардите за емисија на издувни гасови на ЕРА на
САД и Одборот за воздушни ресурси на Калифорнија за мотори што
се палат со свеќички.
Што покрива гаранцијата
Honda Power Equipment, којашто е сертифицирана според
регулативите CARB и EPA, е покриена со оваа гаранција, што значи
дека ќе нема дефекти во материјалите и изработката и ќе биде
усогласена со применливите барања за емисии на издувни гасови на
ЕРА и CARB најмалку 2 години или за времетраењето на
Ограничената гаранција на дистрибутерот на Honda Power
Equipment, во зависност до тоа кој од нив трае подолго, од
оригиналниот датум на испорака до купувачот во малопродажба.
Оваа гаранција може да му се пренесе на секој последователен
купувач за времетраењето на гаранцискиот период. Поправките под
гаранција ќе се прават бесплатно, и тоа за дијагностика, делови и
работна рака. Информации за тоа како да се побара гаранција за
одреден проблем, како и опис на барањето и како да се добие услуга,
може да добиете од овластениот дилер на Honda Power Equipment
или од American Honda, на:
Е-пошта: powerequipmentemissions@ahm.honda.com
Телефон: (888) 888-3139
Во делови што се опфатени со гаранцијата спаѓаат сите делови
чијшто дефект би ги зголемил емисиите на кој било регулиран
загадувач или емисиите на испарувања од моторот. Листа на
конкретни делови може да најдете во посебната изјава за емисии
опфатени со гаранцијата.
Конкретните улсови на гаранцијата, покриеноста, ограничувањата и
начинот на барање услуга под гаранција се исто така наведени во
посебната изјава за емисии вклучени во гаранцијата. Покрај тоа,
изјавата за емисии вклучени во гаранцијата може да ја најдете и на
веб-страницата на Honda Power Equipment или на следната врска:
http://powerequipment.honda.com/support/warranty
Извор на емисии
Процесот на согорување произведува јаглерод моноксид, оксиди на
азот и јаглеводороди. Контролата на јаглеводородите и оксидите на
азот се многу важни затоа што под одредени услови, тие реагираат и
формираат фотохемиски смог при изложување на сончева светлина.
Јаглерод моноксидот не реагира на истиот начин, меѓутоа е токсичен.
Honda користи соодветни соодноси на воздух и горива и други
системи за контрола на издувни гасови за да ги намали емисиите на
јаглерод моноксид, оксиди на азот и јаглеводороди.
Покрај тоа, системот за гориво на Honda користи компоненти и
технологии за контрола за намалување на издувните гасови.
Законот за чист воздух на Калифорнија, САД и Животна средина
на Канада
Агенција за заштита на животната средина, Калифорнија и
канадските регулативи бараат сите производителите да обезбедат
писмени упатства кои го опишуваат начинот на функционирање и
одржување на системите за контрола на издувни гасови.
Следните упатства и процедури мора да се почитуваат за да се
одржуваат емисиите од вашиот мотор Honda во рамките на
стандардите за емисии на издувни гасови.
Неовластено адаптирање и менување
НАПОМЕНА
Неовластеното адаптирање претставува прекршување на
федералното право и правото на Калифорнија.
Неовластеното адаптирање или менување на системот за контрола
на издувни гасови може да ги зголеми емисиите на законски
дозволениот лимит. Меѓу дејствата што претставуваат неовластено
адаптирање спаѓаат:
9
• Отстранување или менување на кој било дел од системите за
довод, гориво или издув.
• Менување или попречување на главната спојка или механизмот за
приспособување на брзината за да се предизвика моторот да
работи надвор од неговите дизајнирани параметри.
Проблеми коишто можат да влијаат врз емисиите на издувни
гасови
Ако сте свесни за кој било од следните симптоми, однесете го
моторот на проверка и поправка кај вашиот овластен сервисер.
• Тешко стартување или гаснење по стартувањето.
• Тешко работи во мирување.
• Не пали или прерано пали кога е оптоварен.
• Прерано палење
• Црн издувен чад или голема потрошувачка на гориво.
Делови за замена
Системите за контрола на издувни гасови на вашиот нов Honda
мотор се дизајнирани, изработени и сертифицирани за да бидат во
согласност со регулативите за емисии на издувни гасови на EPA,
Калифорнија и Канада. Ви препорачуваме да користите оригинални
делови на Honda секогаш кога треба да правите одржување. Овие
оригинално дизајнирани резервни делови се произведени според
истите стандарди како и оригиналните делови, така што може да
бидете сигурни во нивните перформанси. Honda не може да отфрли
покривање согласно гаранцијата за емисија на издувни гасови само
заради употреба на резервни делови што не се на Honda или сервис
направен на место кое не е овластен сервис за Honda; може да
користите слични делови сертифицирани од ЕРА и да правите сервис
на локации кои не се овластени за сервисирање од Honda. Меѓутоа,
употребата на резервни делови кои не се со оригинален дизајн и
квалитет, може да ја намалат ефективноста на вашиот систем за
контрола на издувни гасови.
Производителот на резервни делови ја презема одговорноста дека
делот нема негативно да влијае врз перформансите на системите за
издувни гасови. Производителот или лицето што го обновува делот
мора да потврди дека употребата на делот нема да доведе до
неусогласеност на моторот со регулативите за издувни гасови.
Одржување
Како сопственик на мотор за опрема на погон, вие сте одговорни за
спроведување на сите дејства за одржување наведени во
прирачникот за сопственици. Honda препорачува да ги задржите
сите сметки издадени за одржување на вашиот мотор за опрема на
погон, но Honda не може да го одрече покривањето со гаранција,
само поради немање сметки или поради тоа што не сте ги спровеле
сите предвидени дејства за одржување.
Следете го РАСПОРЕДОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ на страница 4.
Запомнете дека овој распоред е направен под претпоставка дека
вашиот мотор ќе го користите за неговата намена. Работењето под
голем товар или при висока температура или во услови на прашина
ќе бара почесто сервисирање.
Индекс за воздух
(Модели сертифицирани за продажба во Калифорнија)
Етикетата со информации за индекс за воздух се става на моторите
кои имаат сертификат за издувни гасови подолг временски период,
во согласност со барањата на Одборот за воздушни ресурси на
Калифорнија.
Графиконот ви дава можност да ги споредите перофрмансите на
системите за контрола на издувни гасови на моторите што се на
располагање. Колку е понизок Индексот за воздух, толку е помало
загадувањето.
Описот за истрајноста ви дава информации за периодот на
истрајност на системот за контрола на издувни гасови на моторот.
Описниот термин го покажува работниот век на системот за
контрола на издувни гасови на моторот. За повеќе информации,
видете во Гаранција за систем за контрола на издувни гасови.
МАКЕДОНСКИ