4PZ9C8002.book Page 8 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
Вадење од склад
Проверете го вашиот мотор како што е опишано во делот ПРОВЕРКИ
ПРЕД РАБОТА од овој прирачник (видете на страница 2).
Доколку горивото било исцедено за време на подготовката за
складирање, наполнете го резервоарот со свеж бензин. Ако имате
контејнер за бензин за повторно полнење, потрудете се тој да
содржи само свеж бензин. Бензинот оксидира и се расипува со текот
на времето, што пак предизвикува потешко стартување.
Доколку цилиндерот бил премачкан со масло за време на
подготовката за чување, моторот кратко ќе чади после стартувањето.
Тоа е нормално.
По чување подолго од 1 месец, акумулаторот има влезено во РЕЖИМ
НА ЧУВАЊЕ (видете на страница 2).
ТРАНСПОРТ
Ако моторот работел, оставете го да се излади најмалку 15 минути
пред да ја натоварите опремата што се напојува со моторот на
возилото за транспорт. Загреаниот мотор и системот за издувни
гасови можат да ве изгорат и да потпалат некои од материјалите.
При транспорт моторот треба да биде на рамна површина за да се
намали можноста од истурање на горивото. Свртете ја рачката на
вентилот за гориво во позиција ИСКЛУЧЕНО.
Видете Слика 2, страница A-2.
РЕШАВАЊЕ НА НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ
МОТОРОТ НЕ СЕ ПАЛИ
Можна причина
Вентилот за гориво е ИСКЛУЧЕН. Свретете ја рачката на позиција
Отворете го саухот (применливи
видови).
Рачката за контрола не е во
правилна позиција (применливи
видови).
Рачката на сопирачката на
погонското тркало е во позиција
АКТИВИРАНА (применливи
видови).
Нема гориво.
Горивото не е квалитетно;
моторот бил чуван без претходно
третирање или цедење на
бензинот, или наполнет е
повторно со неквалитетен бензин.
Расипана свеќичка, замастена
или неправилно зазорена.
Свеќичката е натопена со гориво
(поплавен мотор).
Затнат филтер за гориво, расипан
карбуратор, дефект во палењето,
заглавени вентили итн.
МОТОРОТ НЕМА МОЌНОСТ
Можна причина
Затнат е филтерот.
Горивото не е квалитетно;
моторот бил чуван без претходно
третирање или цедење на
бензинот, или наполнет е
повторно со неквалитетен бензин.
Затнат филтер за гориво, расипан
карбуратор, дефект во палењето,
заглавени вентили итн.
Решение
ВКЛУЧЕНО.
Движете ја рачката на позиција
ЗАТВОРЕНО додека не се загрее
моторот.
Поместете ја рачката во
правилната позиција.
Поместете ја рачката во позиција
ОТПУШТЕНА.
Полнење (стр. 4).
Исцедете го резервоарот за
гориво и карбураторот.
(стр. 7).
Повторно наполнете ги со свеж
бензин (стр. 4).
Направете зазор или заменете ја
свеќичката (стр. 6).
Исушете ја и повторно
монтирајте ја.
Однесете го моторот кај овластен
сервисер или погледнете го
прирачникот за набавки.
Решение
Исчистете го или земенете го
филтерот (стр. 5).
Исцедете го резервоарот за
гориво и карбураторот (стр. 7).
Повторно наполнете ги со свеж
бензин (стр. 4).
Однесете го моторот кај овластен
сервисер или погледнете го
прирачникот за набавки.
МАКЕДОНСКИ
СТАРТЕРОТ НЕ СЕ ПОКРЕНУВА
Можна причина
Нема напон во акумулаторот.
Дефектна инсталација, стартер,
батерија.
НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОЛНИ АКУМУЛАТОРОТ НАДВОРЕШНО
Можна причина
Проблем со поврзувањето.
Дефектен надворешен полнач.
Дефектна инсталација,
акумулатор, индикатор на
акумулатор.
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Локација на сериски број
Видете страница A-1.
Забележете го серискиот број на моторот во просторот подолу. Овие
информации ќе ви бидат потребни при нарачување на делови или
доколку ви се потребни технички информации или информации
околу гаранцијата.
Сериски број на моторот: __ __ __ __ __ — __ __ __ __ __ __ __
Вид на мотор: ___ ___ ___ ___
Датум на купување: ______ / ______ / ______
Модификации на карбуратор за работа при голема надморска
височина
При голема надморска височина, стандардната смеса во
карбураторот воздух-гориво ќе биде многу богата. Перформансот ќе
се намали, а ќе се зголеми потрошувачката на гориво. Многу богатата
смеса исто така ја замастува свеќичката и го отежнува стартувањето.
Работењето подолг временски период при надморска височина што
се разликува од онаа за која е сертифициран моторот може да ги
зголеми емисиите.
Перформансот при голема надморска височина може да се подобри со
посебни модификации на карбураторот. Доколку секогаш работите со
моторот при надморски височини повисоки од 610 метри, однесете го
моторот кај вашиот овластен сервисер за да направи модификација на
карбураторот. Овој мотор, кога работи при голема надморска височина
со модификации на карбураторот направени специјално за голема
надморска височина, ќе ги исполнува сите стандарди за емисија во
текот на целиот свој работен век.
Дури и со модификации на карбураторот, коњските сили на моторот
ќе се намалуваат за приближно 3,5% на секои 300 метри зголемување
на надморската височина. Влијанието на надморската височина врз
коњските сили ќе биде поголемо од ова доколку карбураторот не е
модифициран.
НАПОМЕНА
Кога карбураторот е модифициран за работа при големи надморски
височини, смесата воздух-гориво ќе биде преслаба за употреба при
мала надморска височина. Работата при надморски височини под
610 метри со модифициран карбуратор, може да го прегрее
моторот и сериозно да го оштети. За употреба при мали надморски
височини, вашиот овластен сервисер треба да го врати
карбураторот во оригиналната фабричка состојба.
Решение
Наполнете го акумулаторот ако
индикаторот не свети или
трепка, или порамнете ја рачката
на сопирачката на опремата што
се напојува со овој мотор ако е
вклештена (стр. 2).
Однесете го моторот кај овластен
сервисер или погледнете го
прирачникот за набавки.
Решение
Проверете дали е правилно
поврзувањето.
Однесете го надворешниот
полнач кај овластен сервисер
или погледнете го прирачникот
за набавки.
Однесете го моторот кај овластен
сервисер или погледнете го
прирачникот за набавки.
8