4PZ9C8002.book Page 7 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
5. Ставате го гуменото капаче на USB портата на полнење.
НАПОМЕНА
• Ставате го гуменото капаче на USB портата на полнење по
полнењето. Ако гуменото капаче не го ставите назад, USB
портата за полнење може да 'рѓоса и да оневозможи повторно
полнење.
• Кога го стартувате моторот, погрижете се да го извадите
надворешниот USB полнач од моторот пред стартувањето.
Постои можност да користите комерцијално достапен
полнач (како на пример за батерија на мобилен телефон) кој
е различен од надворешниот USB полнач приложен во
пакувањето. Гаранцијата покрива:
- Вид USB micro B
- Стандарден: USB BC1.2
- CE сертифициран производ
КОРИСНИ СОВЕТИ И ПРЕДЛОЗИ
ЧУВАЊЕ НА ВАШИОТ МОТОР
Подготовка за складирање
Соодветната подготовка за чување е од суштинско значење за
одржување на вашиот мотор во добра состојба и со добар изглед.
Следните чекори ќе ви помогнат да го заштитите од 'рѓа и корозија
кои можат да влијаат врз функционирањето на моторот и неговиот
изглед, а истовремено ќе ви помогнат моторот полесно да го
стартувате при повторно користење.
Чистење
Доколку моторот работел, оставете го да се излади барем половина
час пред чистењето. Исчистете ги сите надворешни површини,
оштетената боја поправете ја и премачкајте ги со тенок слој масло
другите површини што можат да 'рѓосаат.
НАПОМЕНА
Користењето на градинарско црево или опрема за миење под притисок
може да предизвика навлегување на вода во филтерот за воздух или во
отворот на издувниот лонец. Водатата во филтерот за воздух ќе се
впие во него и кога таа ќе помине низ него или низ издувниот лонец може
да навлезе во цилиндерот и да предизвика штета.
Гориво
НАПОМЕНА
Во зависност од регионот каде што ќе ја користите вашата
опрема, горивото може да се расипе и брзо да оксидира. Расипување и
оксидирање на гориво може да настане дури и после 30 дена и може да
предизвика оштетување на карбураторот и/или системот за
гориво. За совети во врска со чување на моторот консултирајте се
со вашиот сервисер.
Бензинот ќе оксидира и ќе се расипе додека моторот не се користи.
Расипаниот бензин може да предизвика тешко стартување и остава
гумени депозити што го затнуваат системот за гориво. Ако бензинот
во вашиот мотор се расипе додека не го користите, можеби ќе треба
карбураторот и другите компоненти од системот за гориво да ги
сервисирате или замените.
Временскиот период во кој бензинот може да остане во резервоарот за
гориво и во карбураторот без да предизвика функционални проблеми
зависи од повеќе фактори, како на пример од видот на бензинот,
температурата на која е чуван и дали резервоарот за гориво е делумно
или целосно наполнет. Воздухот во делумно наполнет резервоар за
гориво го забрзува расипувањето на горивото. Високите температури
во просторијата за чување исто така го забрзуваат расипувањето на
горивото. Проблеми поради расипано гориво може да се појават во рок
од 30 дена од чување на горивото во резервоарот, па дури и пократко,
ако бензинот не бил свеж кога сте го полнеле резервоарот.
Оштетувањето на системот за гориво или проблемите со
перформансот на моторот што настануваат од несоодветни
подготовки за чување не се опфатени со Гаранцијата.
Цедење на резервоарот за гориво и карбураторот
Видете Слика 18, страница A-5.
7
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бензинот е високо запалива и експлозивна супстанција.
Може да се изгорите или сериозно да се повредите
кога ракувате со гориво.
• Изгаснете го моторот и оставете го да се излади
пред да ракувате со гориво.
• Држете ги подалеку изворите на топлина, искри и
пламен.
• Ракувајте со горивото само на отворен простор.
• Држете го подалеку од вашето возило.
• Веднаш избришете доколку ви се истури бензин
надвор од моторот.
1. Исцедете го горивото од резервоарот и карбураторот во
одобрен контејнер за бензин:
2. Свртете ја рачката на вентилот за гориво на позиција ВКЛУЧЕНО
и разлабавете ја завртката за цедење на карбураторот вртејќи 1
до 2 навои налево.
3. Откако ќе се исцеди целото гориво, стегнете ја завртката за
цедење на карбураторот, свртете ја рачката на вентилот за
гориво на позиција ИСКЛУЧЕНО.
4. Ако не можете да го исцедите од карбураторот, исцедете го
резервоарот за гориво во одобрен контејнер за кориво,
користејќи комерцијално достапна рачна пумпа. Не користете
електрична пумпа.
Работете со моторот додека не престане поради немање гориво.
Моторно масло
1. Сменете го моторното масло (видете на страница 5).
2. Извадете ја свеќичката (видете на страница 6).
3
3. Налејте 5-10 cm
чисто моторно масло во цилиндерот.
4. Свртете го стартерот неколку пати.
5. Повторно монтирајте ја свеќичката.
6. Прекријте ги површините што може да кородираат со лесен слој на
масло. Покријте го моторот за да спречите навлегување прашина.
Мерки на претпазливост при чување
Доколку вашиот мотор планирате да го складирате со бензин во
резервоарот за гориво и во карбураторот, важно е да се намали
опасноста од палење на испарувањата од бензинот. Изберете добро
проветрена просторија за чување, понастрана од уреди кои работат на
оган, како на пример, печки, бојлери за вода или апарати за сушење
алишта. Исто така избегнувајте простории каде што има електро-мотори
што продуцираат искри или каде што се ракува со алатки на напојување.
Неправилното ракување со акумулаторот за време на чување на
моторот може да резултира со намалување на перформансот на
акумулаторот и неговиот работен век.
Се препорачува моторот да се чува на температура од 5 до 40 °C.
Избегнувајте да го чувате на високи температури над 40 °C и на
висока влажност, како и во околина каде што има големи
температурни разлики. Чувајте го подалеку од директна сончева
светлина, дожд или роса.
Ако го чувате на висока влажност, може да се предизвика 'рѓа и
корозија. Исто така, чувањето на високи температури може да го
скрати работниот век на акумулаторот.
Чувајте го моторот на рамна површина. Навалувањето може да
предизвика истекување на горивото или маслото.
Кога ќе се излади моторот и системот за издувни гасови, покријте го
моторот со прекривка за да го заштитите од прашина. Загреаниот мотор
и системот за издувни гасови можат да ги запалат или стопат
материјалите. Не користете пластична прекривка за заштита од прашина.
Непорозната прекривка ќе ја задржи влагата околу моторот,
предизвикувајќи 'рѓа и корозија.
Кога го чувате моторот, рачката на сопирачката на опремата што се
напојува со моторот треба да биде отпуштена.
Ако моторот се чува подолго од 1 месец, се препорачува тоа да се
направи по полнење на акумулаторот, односно кога индикаторот на
акумулаторот ќе светне.
МАКЕДОНСКИ