Затворач на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™
MK: Упатство за употреба
ВНИМАНИЕ: Внимателно прочитајте го целото упатство. Непридржувањето до упатството,
предупредувањата и мерките на претпазливост може да доведе до повреда на пациентот или
оштетување на уредот.
Опис и намена на уредот
Затворачот на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™ е самопроширувачки уред со два диска направен од
жичена мрежа од нитинол. Двата диска се поврзани со краток спој на половината којшто овозможува слободно
движење на секој диск. Затворачот има радионепроѕирни маркер-ленти на дисталниот и проксималниот крај, а
содржи и краен шраф на проксималниот крај за да ги олесни испораката и поставувањето. Уредот е стерилизиран со
етилен оксид.
Слика 1. Затворач на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™
1
1
Диск за десна преткомора
2
Диск за лева преткомора
3
Спој на половината
Додаток А: Дополнителни информации содржи дополнителни информации за затворачот, воведната обвивка
и дилататорот:
• Табела 1 ги содржи димензиите на уредот и воведната обвивка.
• Фигура 1 го прикажува затворачот на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™ пред прикачувањето на
кабелот за испорака Amplatzer™ Trevisio™. Илустрацијата ги истакнува следниве компоненти:
Кабел за испорака
1
Хемостатски вентил
2
Продолжена цевка со тринасочен вентил
3
Пластично менгеме
4
Затворач на овалниот отвор на срцето
5
Дистален кабел прикачен за затворачот
6
Полнач
7
• Слика 2 прикажува слики од интракардијална ехокардиографија (ICE).
• Слика 3 прикажува слики од трансезофагеална ехокардиографија (TEE).
Наменета употреба
Затворачот на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™ е уред за перкутано, транскатетерно затворање
наменет за затворање на овалниот отвор на срцето.
Индикации за употреба
Затворач на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™ е индициран за перкутано затворање со транскатетер
на овалниот отвор на срцето (PFO) за да се намали ризикот од повторен исхемичен мозочен удар кај пациентите кои
доживеале исхемичен мозочен удар поради претпоставена парадоксална емболија.
Карактеристики на изведбата
Затворачот на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™ се состои од следново:
• Затворач на овалниот отвор на срцето
• Кабел за испорака Amplatzer™ Trevisio™
2
3
160