инструментот можеби ќе бара зголемена сила за затворање и може да го намали бројот на активирања на уредот. Кога се користи
материјал за зацврстување на спојната линија, тогаш треба да се почитуваат упатствата од производителот на материјалот.
Вметнете ја влошката лизгајќи ја кон дното на вилицата за влошки додека не запре плочката за порамнување во отворот за
8
порамнување на влошката. Поставете ја влошката цврсто на своето место. Отстранете го капакот за задржување на спојката и
фрлете го (Илустрација 4). Сега инструментот е наполнет и подготвен за користење.
Внимание: Откако ќе го отстраните капакот за задржување на спојката, погледнете ја површината на новата влошка. Влошката
мора да се замени со нова ако се забележуваат некакви обоени водилки. (Ако се забележуваат обоени водилки, влошката не смее
да содржи спојки.)
Користење на инструментот
Затворете ги вилиците на инструментот со притискање на чкрапецот додека не се заклучи на своето место (Илустрација 5). Ќе се
9
чуе звук за кликнување што дава до знаење дека се заклучени чкрапецот за затворање и вилиците. Кога ќе се затворат вилиците
на инструментот, црвената брава на чкрапецот за активирање и чкрапецот за активирање ќе бидат изложени.
Внимание: Не повлекувајте ја црвената брава на чкрапецот за активирање или чкрапецот за активирање во овој момент.
Инструментот може делумно или целосно да биде активиран и ќе треба да се наполни повторно пред да се користи на ткивото.
Визуелно проверете ја спојницата за да проверите дали е правилно поставена влошката. Внесете го инструментот во телесната
10
шуплина преку трокар со соодветна големина или преку инцизија (Илустрација 6). Кога се користи трокар, вилиците на
инструментот мора да бидат видливи покрај канилата на трокарот пред отворањето на вилиците.
Внимание: За вметнување и вадење зглобни инструменти, вилиците на инструментот мора да бидат прави и паралелни со оската
на инструментот. Доколку вилиците на инструментот не се во права положба, тоа може да доведе до потешко поставување или
повлекување на инструментот и на тој начин да се оштети самиот инструмент.
Внимание: Кога се става инструментот со помош на трокар или со инцизија, избегнувајте ненамерно повлекување на црвената
брава на чкрапецот за активирање и чкрапецот за активирање. Инструментот може делумно или целосно да биде активиран и ќе
треба да се наполни повторно пред да се користи на ткивото. Ако инструментот е делумно активиран, извадете го инструментот
и лизнете го повратниот прекинувач за ножот напред за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7). За да
ги отворите вилиците, притиснете го чкрапецот за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање на
наковалната на двете страни на инструментот (Илустрација 8а). Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на
наковалната, полека отпуштете го чкрапецот за затворање (Илустрација 8б). Oтстранете ја влошката и вметнете нова (видете
Повторно полнење на инструментот). Ако инструментот е целосно активиран, ножот автоматски ќе се врати на почетната
положба. Отстранете го инструментот и вметнете нова влошка (видете Повторно полнење на инструментот).
a. Aко повратниот прекинувач за ножот не го враќа ножот на почетната положба во кое било време и не се отвораат
вилиците:
i. Прво проверете дали батеријата е безбедно поставена и дали инструментот има струја (Илустрација 9);
потоа обидете се повторно со повратниот прекинувач за ножот (Илустрација 7).
ii. Ако ножот и понатаму не се враќа, користете рачно командување.
Внимание: Откако ќе се искористат рачните команди на системот, инструментот е оневозможен и не може да се користи
за последователни активирања. За да користите рачни команди, отстранете го пристапниот панел означен со „Manual
Override" (Рачни команди) на горниот дел од дршката на инструментот. Ќе се гледа рачката за рачни команди. Движете ја
рачката напред и назад сè додека не може повеќе да се движи (Илустрација 10). Ножот сега ќе биде во почетната положба.
Ова може да се потврди со визуелна проверка на положбата на показателот за сечилото на ножот на долната страна од
вилицата за влошки (Илустрација 11). Фрлете го инструментот.
Штом ќе биде во шуплината, притиснете го чкрапецот за затворање, а потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање
11
на наковалната на двете страни на инструментот.(Илустрација 8a). Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање
на наковалната, полека отпуштете го чкрапецот за повторно да ги отворите вилиците и го вратите чкрапецот за затворање во
неговата првобитна положба (Илустрација 8б).
Ако е потребно, ротирајте ги вилиците притискајќи ги крилцата на копчето за ротирање со показалецот нагоре или надолу
12
(Илустрација 12). Телото на инструментот ќе ротира слободно во која било насока.
За да ги вртите вилиците во внатрешноста на телесната шуплина, изберете соодветна површина, (телесна структура, орган или
13
друг инструмент) што ќе го користите како основна површина за виткање на вилиците, грижејќи се при тоа тие да останат во
видното поле. Потпрете ја латералната страна на вилиците што е спротивна од саканата насока на вртење на основната површина
(вилиците мора да бидат отворени за да го вртите инструментот) (Илустрација 13).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не обидувајте се да вршите вртење со стегање на предниот дел од вилиците наспроти основната
површина затоа што може да дојде до оштетување на ткивото или траума на ткивото (Илустрација 14).
Повлечете ги крилцата на копчето за ротирање назад со показалецот и применете движење како да бришете нешто кон страната
на вртење, додека нежно ја притискате рачката на инструментот кон основната површина. Држете ги вилиците притиснати на
основната површина за време на ова дејство. Откако ќе се постигне саканиот агол на вртење, отпуштете го копчето за ротирање за
да се заклучи во аголот (инструментот ќе се заклучи само во претходно утврдени агли - 15º, 30º и 45º).
Внимание: Инструментот може да постигне максимален агол на вртење од 45º. Кога телесните структури или органи ги
користите како основна површина, особено внимание треба да обрнете на визуелните знаци и на повратниот одговор што го
добивате од инструментот при допир. Кога ќе се достигне максималниот агол, ќе се зголеми силата со што се дава на знаење дека
е достигнат максималниот агол. Избегнувајте примена прекумерен притисок врз ткивото бидејќи може да дојде до оштетување на
ткивото или траума на ткивото.
Позиционирајте го инструментот околу ткивото што треба да се спојува.
14
Внимание: Проверете дали ткивото е поставено рамно и правилно позиционирано меѓу вилиците. Какво било „туткање" на
ткивото покрај влошката, особено во отворот на вилиците, може да доведе до нецелосна спојна линија.
Дисталните црни линии на наковалната и каналот за влошки ги означуваат краевите на линијата на спојување. Линијата на
каналот за влошки кај што е напишано „cut" („сечи") ја покажува линијата на сечење на уредот (Илустрација 1).
Внимание: Кога ја позиционирате спојницата на местото за примена, уверете се дека нема никакви пречки, како што се штипки,
стентови, жици-водилки, итн. во вилиците на инструментот. Активирањето кога има пречка може да доведе до нецелосно сечење,
неправилно формирање на спојките и/или неможност да се отворат вилиците на инструментот.
По позиционирањето на вилиците на инструментот, затворете ги вилиците со притискање на чкрапецот за затворање сè додека
15
не се заклучи (Илустрација 5). Ќе се чуе звук за кликнување што дава до знаење дека се заклучени чкрапецот за затворање и
вилиците. Кога ќе се затворат вилиците на инструментот, црвената брава на чкрапецот за активирање и чкрапецот за активирање
ќе бидат изложени. Држењето на вилиците на своето место 15 секунди по затворањето и пред активирање може да доведе до
подобра компресија и формирање на спојките.
3