Внимание: Уверете се дека ткивото е продолжено (избиено надвор) проксимално кон проксималната црна линија од
инструментот (Илустрација 1). Ткивото кое е принудено да влезе во инструментот проксимално на црната линија може да биде
пресечено без спојки.
Внимание: Ако е тешко да се заклучи чкрапецот за затворање, повторно позиционирајте го инструментот и опфатете помал
обем од ткивото. Уверете се дека е избрана правилна влошка. (Погледнете во Табела со производни кодови за влошки.)
Внимание: Ако механизмот за затворање стане нефункционален и вилиците не го стегаат ткивото, не активирајте го
инструментот. Oтстранете го инструментот и не продолжувајте да го користите.
Внимание: Употребата на материјал за засилување на спојната линија со инструментот може да бара употреба на поголема
сила за затворање. Кога се користи материјал за зацврстување на спојната линија, тогаш треба да се почитуваат упатствата од
производителот на материјалот.
Повлечете ја црвената брава на чкрапецот за активирање за да овозможите да се повлече чкрапецот за активирање (Илустрација
16
15).
Активирајте го инструментот со повлекување на чкрапецот за активирање; моторот ќе се активира и ќе се чуе звук. (Илустрација
17
16). Продолжете да притискате на чкрапецот сè додека не запре моторот (звучен повратен одговор). Моторот ќе забави кога
уредот ќе наиде на повеќе сила. Како алтернатива, за зголемена компресија на ткивото, корисникот може да го притиска во ритам
чкрапецот за активирање додека не се заврши трансекцијата.
Внимание: Бидејќи моторот може да запре ако забави, важно е да се изврши визуелна проверка за да се уверите дека показателот
за сечилото на ножот на другата страна од вилицата за влошки дошол до крајот на трансекцијата.
Внимание: Ако се обидете со уредот присилно да го завршите потегот за активирање со премногу ткиво во вилиците на
инструментот или со густо/дебело ткиво во вилиците, тоа може да доведе до одолговлекување на моторот и ножот ќе запре. Ако
се случи ова, отпуштете го чкрапецот за активирање, лизнете го повратниот прекинувач за ножот напред, а потоа извадете го и
наполнете го инструментот (Илустрација 7). Потоа, позиционирајте го инструментот околу помал дел од ткивото или користете
посоодветна влошка (погледнете во Табелата со производни кодови за влошки).
За да ја завршите секвенцата за активирање, отпуштете го чкрапецот за активирање за да го активирате моторот и автоматски да
18
го вратите ножот во почетната положба каде што ќе запре моторот. Во оваа положба, инструментот е заклучен сè додека вилиците
не се отворат и затворат повторно.
a. Ако треба да се прекине секвенцата за активирање или е прекината ненамерно со отпуштање на чкрапецот за време на
секвенцата за активирање, повлечете го повторно чкрапецот за активирање за да продолжите. Статусот на трансекцијата
може да се утврди со набљудување на показателот за сечилото на ножот на долната страна од вилицата за влошки на
почетокот и на крајот на постапката за активирање (Илустрација 1). Откако ножот ќе стигне до крајот на активирањето,
отпуштањето на чкрапецот автоматски го враќа ножот на почетната положба.
Внимание: Ако се заклучи инструментот, моторот ќе запре. Отпуштете го чкрапецот за активирање и лизнете го
повратниот прекинувач за ножот напред за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7). Во оваа позиција,
инструментот треба да се отстрани, да се отвори и да се наполни за да продолжите. За да ги отворите вилиците,
притиснете го чкрапецот за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање на наковалната на двете
страни на инструментот (Илустрација 8а). Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на наковалната, полека
отпуштете го чкрапецот за затворање (Илустрација 8б). Следете ги упатствата за Повторно полнење на инструментот.
б. Aко повратниот прекинувач за ножот не го враќа ножот на почетната положба во кое било време и не се отвораат
вилиците:
i. Прво, проверете дали батеријата е безбедно поставена и дали инструментот има струја (Илустрација 9).
Потоа, обидете се повторно со повратниот прекинувач за ножот (Илустрација 7).
ii. Ако ножот и понатаму не се враќа, користете рачно командување.
Внимание: Откако ќе се искористат рачните команди на системот, инструментот е оневозможен и не може
да се користи за последователни активирања. За да користите рачни команди, отстранете го пристапниот
панел означен со „Manual Override" (Рачни команди) на горниот дел од дршката на инструментот. Ќе
се гледа рачката за рачни команди. Движете ја рачката напред и назад сè додека не може повеќе да се
движи (Илустрација 10). Ножот сега ќе биде во почетната положба. Ова може да се потврди со визуелна
проверка на положбата на показателот за сечилото на ножот на долната страна од вилицата за влошки
(Илустрација 11). Фрлете го инструментот.
Внимание: Нецелосното активирање може да доведе до неисправно формирање на спојките, нецелосна линија на сечење,
крвавење и/или тешко вадење на уредот.
Внимание: Употребата на материјал за зацврстување на спојната линија заедно со инструментот може да го намали бројот на
активирања на уредот. Кога се користи материјал за зацврстување на спојната линија, тогаш треба да се почитуваат упатствата од
производителот на материјалот.
Внимание: Преминувањето преку спојните линии може да го скрати работниот век на инструментот.
Внимание: Ако механизмот за активирање стане нефункционален, не продолжувајте со користење на инструментот.
За да ги отворите вилиците, притиснете го чкрапецот за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање на
19
наковалната на двете страни на инструментот. Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на наковалната, полека
отпуштете го чкрапецот за затворање. (Илустрација 8).
Внимание: Ако не се отворат вилиците автоматски откако ќе го притиснете копчето за отпуштање на наковалната, прво уверете
се дека ножот е во почетната положба. Положбата на ножот може да се утврди со набљудување на показателот за сечилото на
ножот под вилицата за влошки (Илустрација 11). Ако показателот за сечилото на ножот не е во почетната положба или не може
да се утврди неговата положба, лизнете го повратниот прекинувач на ножот за да го активирате моторот и да го вратите ножот
на почетната положба (Илустрација 7). Обидете се повторно да ги отворите вилиците со помош на копчето за отпуштање на
наковалната. Ако не успеете да ги отворите вилиците, тогаш нежно повлечете го чкрапецот за затворање (1) нагоре (настрана од
рачката) додека чкрапецот за активирање и чкрапецот за затворање не се вратат во нивните почетни положби.
Внимателно повлечете го инструментот од трансекцираното ткиво и проверете дали е отпуштено од вилиците.
20
Внимание: Проверете дали на спојните линии има пнеумостаза/хемостаза и правилно затворање со спојките. Слабото крвавење
може да се контролира со рачни шевови или со други соодветни техники.
Пред да ги извадите зглобните инструменти, поместете ги вилиците настрана од каква било пречка внатре во телесната шуплина
21
додека се отворени вилиците и додека се наоѓа во видното поле, а потоа повлечете ги крилцата на копчето за ротирање. Вилиците
автоматски ќе се вратат во права положба.
Внимание: За вметнување и вадење зглобни инструменти, вилиците на инструментот мора да бидат прави и паралелни со оската
на инструментот. Доколку вилиците на инструментот не се во права положба, тоа може да доведе до потешко поставување или
повлекување на инструментот и на тој начин да се оштети самиот инструмент.
4