ETHICON
Уред за спојување ткива ENSEAL® X1
Внимателно прочитајте ги сите упатства.
Ако не ги следите упатствата правилно, може да настанат тешки хируршки последици.
Важно: Овој додаток во пакетот дава упатства за употреба на уредот за спојување ткива ENSEAL
X1.
®
Тој не претставува препорака за хируршки техники.
Индикации
Уредите за спојување ткива ENSEAL X1 се биполарни електрохируршки инструменти за употреба со
електрохируршки генератор. Наменети се за употреба при отворени или лапароскопски, хируршки
постапки за сечење и спојување крвни садови, и за сечење, фаќање и секцирање ткива за време на
хируршка постапка.
Индикациите за употреба вклучуваат општи отворени и лапароскопски, гинеколошки, уролошки,
торакални и ENT хируршки процедури, или каква било постапка каде што се изведува лигатура
на крвен сад (сечење и спојување), фаќање ткиво, дисекција и поделба на крвни садови, лимфни
садови и снопови од ткива (пр. цревна ресекција, хистеректомии, процедури врз жолчен меур,
Нисенова фундипликација, адхезиолизи, оофоректомии). Уредите може да се употребуваат на крвни
садови до најмногу 7 mm и за сноп ткиво онолку големо колку што може да соберат вилиците на
инструментите.
Нема укажувања дека уредите за спојување ткива ENSEAL X1 се делотворни за стерилизација или
коагулација на тубите при постапки за стерилизација. Не користете го системот за овие постапки.
Контраиндикации
Ефикасноста на уредите за спојување ткива ENSEAL X1 за индикација за контрацептивна
коагулација на јајцеводите (постојана женска стерилизација) не е проценета и е непозната. Дизајнот
на уредите за спојување ткива ENSEAL X1 е значително различен од дизајнот на биполарните
уреди кои се рекламираат за индикација за контрацептивна коагулација на јајцеводите. Разликите
во дизајнот може да влијаат врз ефикасноста на постапката и стапките на неуспешност може да не
можат да се споредат.
Несакани нуспојави/преостанати ризици
Несаканите нуспојави и ризици поврзани со биполарните електрохируршки уреди ENSEAL
®
вклучуваат потенцијал за крвавење, повреда на ткивото преку механичко или топлинско оштетување,
појава на нестерилни површини или патоген трансфер, воспалителна или неочекувана реакција на
ткивото, струен удар, некомпатибилност со страно тело или магнетна резонанса и штета на имотот
или животната средина. Исто така, како резултат на активирање на уредот, оштетени уреди или
електромагнетна интерференција може да дојде до ненамерна повреда, продолжена хирургија или
промена во хируршкиот пристап.
Опис на уредот
Инструментот уред за спојување ткива ENSEAL X1 е стерилен хируршки инструмент за употреба
само на еден пациент за коагулација и трансекција на крвните садови со ширина до најмногу 7 mm во
дијаметар, ткиво и/или васкуларни снопови. Овој уред е само за меко ткиво. Инструментот се состои
од склоп со куќиште на дршката, ротирачка оска, подвижна вилица и нож. Оската на инструментот
може да ротира 360° за да ја олесни видливоста и да овозможи лесен пристап до целното ткиво.
Вилиците се во нормална отворена позиција и може да се затворат делумно или целосно со
притискање на дршката за затворање. Вилиците се дизајнирани за фаќање и држење на целното ткиво
кога ќе биде стегнато. Уредот за спојување ткива ENSEAL X1 има одделни функции за спојување
и сечење. Долната вилица на уредот за спојување ткива ENSEAL X1 може да се употребува во
отворена или затворена позиција за да се доставува енергија базирано на конфигурацијата на
електродата и дизајнот на вилицата. Кога ќе се притисне копчето SEAL (спојување) или ножната
педала MIN (мин.), се доставува биполарна енергија. Со притискање на копчето CUT (сечење), ножот
навлегува по целата должина на вилиците за да го пресече целното ткиво. Кабелот за напојување
е постојано приклучен на уредот и го поврзува инструментот со генераторот. Инструментот уред
1