Descargar Imprimir esta página

Ethicon Enseal X1 Manual De Instrucciones página 127

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 50
Спојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој инструмент има хируршки остар нож. ОВОЈ УРЕД СЕЧЕ!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не притискајте го копчето CUT (сечи) освен ако е потребна трансекција.
Може да има ситуации каде што се бара сечење ткиво пред активирање на енергијата (т.е.
аваскуларно ткиво).
Притиснете го синото копче SEAL (спојување) или ножната педала MIN (мин.) за вилиците да
7
добијат енергија и да почне коагулацијата на целното ткиво (Илустрација 6).
Генераторот дава повратен звучен сигнал (звук за активирање) дека е спроведена енергија до
стегнатото ткиво. Продолжете да го стискате синото копче SEAL (спојување) или ножната
педала MIN (мин.) сè додека не заврши циклусот на активирање и не се чуе втор звук (завршен
звук), којшто индицира дека енергијата е запрена.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Избегнувајте да применувате притисок врз ткивото кога го спојувате
или сечете за да се осигура соодветна хемостаза.
Пуштете го копчето SEAL (спојување).
8
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку се бара трансекција на ткиво по спојувањето, почекајте го
завршниот звук пред да го притиснете копчето CUT (сечи) и да вршите трансекција на ткивото.
Доколку ножот навлезе пред да го чуете завршниот звук, резултатот може да биде нецелосно
спојување и недостаток на хемостаза.
Сечење
Целосно притиснете го копчето CUT (сечи) кон куќиштето на дршката (Илустрација 7). Ножот
9
ќе навлезе до крајот на отворот за нож.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ножот е остар. Внимавајте да на се повредите со ножот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Проверете го крвниот сад или ткивото пред сечење за да се осигурите
дека спојувањето е правилно. Ако инструментот е отстранет од ткивото што се проверува,
направете второ спојување во близина и дистално на првото спојување пред сечењето ткиво.
10
Откако ќе заврши циклусот на трансекција, притиснете ја дршката за затворање сè додека не се
отклучи (Илустрација 8). Ако саканиот рез е подолг од потегот на сечилото, трансекцијата може
да се повтори со повторување на чекорите од 5 до 10.
Внимание: Ако копчето CUT автоматски не се врати во првобитна положба, отворете ја дршката
за затворање за рачно да го вратите копчето CUT, да го вовлечете ножот и да ги отворите
вилиците.
Затворете ја вилицата со стегање на дршката за затворање, а потоа отстранете го уредот од
11
трокарот или инцизијата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја притиснете дршката за затворање, проверете да не има нешто
потфатено меѓу дршката за затворање и куќиштето на дршката на уредот, како што се хируршки
завеси, престилка и/или ткиво на пациентот. Ако не го направите тоа, може да дојде до повреда
на пациентот, загуба на стерилноста или нефункционален уред.
Чистење на уредот
За оптимално работење и за да се избегне задржување на ткивото, чистете ги вилиците на
инструментот и дисталниот крај на оската со стерилна и влажна газа во текот на целата постапка.
Внимание: Не потопувајте го дисталниот врв во течност, вклучувајќи и физиолошки раствор, за да
го исчистите (Илустрација 9). Така може да се оштети инструментот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не чистете го инструментот со абразивни средства. Ако треба, може да
се избрише со стерилна и влажна газа за да се отстрани ткивото. Ако сè уште е видливо ткиво во
вилиците, употребете клешти за да го отстраните остатокот, но внимавајте да не го активирате
инструментот (Илустрација 10).
Внимание: Не активирајте го инструментот во текот на чистењето за да се избегне несакана повреда
на корисникот.
По постапката
Исклучете го инструментот од генераторот.
1
Фрлете ги инструментот и интегрираниот кабел за напојување во соодветен сад за остри
2
предмети („Sharps"). Не користете го повторно инструментот.
4

Publicidad

loading