Изјави за Предупредување и Внимание
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: изјавата за Предупредување означува постапка, практика или услов за
работење или одржување и ако не се придржувате строго до неа, може да доведе до лична повреда
или смрт.
Внимание: изјавата за Внимание му укажува на корисникот дека има потенцијално опасна ситуација
која, доколку не се избегнува, може да доведе до мала или средна повреда на корисникот или
пациентот, односно оштетување на опремата или други предмети. Може да се користи и за да се
укаже на небезбедни практики. Тоа ги опфаќа неопходната специјална грижа за безбедно и ефикасно
користење на уредот и неопходната грижа за да се избегне оштетување на уредот што може да се
случи како резултат на користење или погрешно користење.
Упатство за употреба
Проверете ја компатибилноста на сите инструменти и приборот пред да го користите инструментот
(прочитајте во Предупредувања и Мерки на претпазливост).
Позиционирање на инструментот
Извадете го инструментот од амбалажата со помош на стерилна техника. За да избегнете
1
оштетување, не превртувајте го инструментот во стерилното поле. Не користете оштетен
производ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако оската на инструментот е видливо искривена, заменете го
инструментот. Искривената оска може да предизвика намалена изведба на уредот.
Поврзете го кабелот за напојување на инструментот со генераторот и вклучете го генераторот во
2
струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поврзете го кабелот за напојување на инструментот со генераторот кога
нема енергија. Во спротивно може да дојде до повреда или струен удар кај пациентот или кај
персоналот во операционата сала.
Затворете ја вилицата со стегање на дршката за затворање и вметнете ја оската низ трокарот или
3
инцизијата (Илустрација 2).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја притиснете дршката за затворање, проверете да не има нешто
потфатено меѓу дршката за затворање и куќиштето на дршката на уредот, како што се хируршки
завеси, престилка и/или ткиво на пациентот. Ако не го направите тоа, може да дојде до повреда
на пациентот, загуба на стерилноста или нефункционален уред.
Штом инструментот навлезе во пациентот, стегнете ја дршката за затворање сè додека не се
4
отклучи за да се отворат вилиците (Илустрација 3).
Свртете го копчето за ротација за да ја поместите оската во саканата положба. Поставете го
5
крвниот сад или ткивото во центарот на вилиците (Илустрација 4).
Внимание: Не фаќајте го ткивото надвор од површината на електродата во шарката од
вилиците. Не преполнувајте ги вилиците од инструментот со ткиво. Тоа може да доведе до
тешкотија при отворањето на вилиците, особено пресеченото ткиво, и ненамерна повреда.
Внимание: За да ја намалите можноста од ненамерно активирање на механизмот за спојување,
не ставајте го прстот на синото копче SEAL (спојување) додека не бидат вилиците во саканата
положба и да треба да се изврши активација.
Притиснете ја дршката за затворање за да го стегнете целното ткиво со вилиците
6
(Илустрација 5). Пуштете ја подлогата за држење на дршката за затворање штом се затвори.
Штом се затвори дршката за затворање, ќе остане затворена сè додека повторно не ја притиснете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја притиснете дршката за затворање, проверете да не има нешто
потфатено меѓу дршката за затворање и куќиштето на дршката на уредот, како што се хируршки
завеси, престилка и/или ткиво на пациентот. Ако не го направите тоа, може да дојде до повреда
на пациентот, загуба на стерилноста или нефункционален уред.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ако дршката за затворање не е целосно заклучена, тоа може да доведе до
неправилно спојување и ширење на топлината.
Внимание: не вртете го копчето за ротација кога е заклучена дршката за затворање. Така може
да се оштети уредот.
3