•
Производите што ги произведуваат или дистрибуираат компании коишто не се овластени од
Ethicon Endo-Surgery може да не се усогласени со инструментот ENSEAL. Користењето такви
производи може да доведе до неочекувани резултати и можна повреда на корисникот или
пациентот.
•
Како и кај сите извори на енергија (електрохирургија, ласер или ултразвук), постојат извесни
грижи за канцерогеност и потенцијал за инфекција поради нуспроизводи, какви што се чад од
ткивото или аеросоли. Треба да се преземат превентивни мерки, како што се носење заштитни
очила, филтер-маски и ефикасна опрема за отстранување чад при отворени постапки.
•
Не поврзувајте влажен прибор со генераторот поради опасност од струен удар.
•
Да не се користи во присуство на запаливи анестетици или оксидирачки гасови [како што се
азотен оксид (N2O) и кислород] или во близина на лесно испарливи растворувачи (како што
е метанол или алкохол), бидејќи може да дојде до експлозија.
•
Не употребувајте го овој уред за крвни садови со дијаметар поголем од 7 mm. Ова може да
доведе до неправилно спојување и хемостаза.
•
Не употребувајте уреди базирани на енергија за трансекција на спојувања, како што се
електрохируршки пенкала или ултразвучни скалпели.
•
Не употребувајте го уредот подолго од наведениот рок на употреба. Ова може да доведе до
неправилно спојување и хемостаза.
•
Уредот не е проценет за главните крвни садови во системот на централен крвоток и не е наменет
за употреба во следните крвни садови: arteriae pulmonales, aorta ascendens, arcus aortae, aorta
descendens до bifurcatio aortae, arteriae coronariae, arteria carotis communis, arteria carotis externa,
arteria carotis interna, arteriae cerebrales, truncus brachiocephalicus, venae cordis, venae pulmonales,
vena cava superior и vena cava inferior.
•
Со инструментите или уредите кои доаѓаат во контакт со телесни течности треба соодветно да се
постапува за да се спречи биолошка контаминација.
•
Фрлете ги инструментот и интегрираниот кабел за напојување во соодветен сад за остри
предмети („Sharps").
•
Фрлете ги сите отворени инструменти, без оглед дали се користени или неискористени. Овој
уред е спакуван и стерилизиран само за една употреба.
•
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уреди за
еднократна употреба може да ја нарушат структурната целокупност на уредот и/или да доведат
до дефект на уредот што пак може да предизвика повреда на пациентот, болест или смрт.
•
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите
за еднократна употреба може да создадат опасност од контаминација и/или да предизвикаат
инфекција или накрсна инфекција, вклучително, но не ограничувајќи се на пренесување заразни
болести. Контаминацијата може да доведе до повреда, болест или смрт.
Како се испорачува
Инструментот уред за спојување ткива ENSEAL X1 со интегриран кабел за напојување се доставува
стерилен за употреба само на еден пациент. Фрлете по употреба.
7