Descargar Imprimir esta página

Ethicon Enseal X1 Manual De Instrucciones página 129

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 50
Избегнувајте да применувате притисок врз ткивото кога го спојувате или сечете за да се осигура
соодветна хемостаза.
Доколку се бара трансекција на ткиво по спојувањето, почекајте го завршниот звук пред да го
притиснете копчето CUT (сечи) и да вршите трансекција на ткивото. Доколку ножот навлезе
пред да го чуете завршниот звук, резултатот може да биде нецелосно спојување и недостаток на
хемостаза.
Ножот е остар. Внимавајте да на се повредите со ножот.
Проверете го крвниот сад или ткивото пред сечење за да се осигурите дека спојувањето
е правилно. Ако инструментот е отстранет од ткивото што се проверува, направете второ
спојување во близина и дистално на првото спојување пред сечењето ткиво.
Ако копчето CUT автоматски не се врати во првобитна положба, отворете ја дршката за
затворање за рачно да го вратите копчето CUT, да го вовлечете ножот и да ги отворите вилиците.
Не потопувајте го дисталниот врв во течност, вклучувајќи и физиолошки раствор, за да го
исчистите. Така може да се оштети инструментот.
Не чистете го инструментот со абразивни средства. Ако треба, може да се избрише со стерилна
и влажна газа за да се отстрани ткивото. Ако сè уште е видливо ткиво во вилиците, употребете
клешти за да го отстраните остатокот, но внимавајте да не го активирате инструментот.
Не активирајте го инструментот во текот на чистењето за да се избегне несакана повреда на
корисникот.
Насобраните спроводливи течности (на пр. крв, физиолошки раствор) во директен контакт со
вилиците на инструментот може да го нарушат работењето на уредот. Отстранете ги течностите
насобрани околу вилиците на инструментот пред да го активирате инструментот.
Проверете ја компатибилноста со генераторите. Користете го уредот само со верзија на
софтверот 2016-1 или понова од генераторот G11 на Ethicon (GEN11).
Уредот е под висок напон секогаш кога е активен генераторот. Активирајте го овој уред само
кога вилиците се под директен визуелен надзор за да се избегне ненамерна коагулација на
ткивото или некроза.
Проверете дали пациентот има пејсмејкер или имплант на кардиовертер/дефибрилатор.
Консултирајте се со производителот на пејсмејкерот во врска со ефектите на РФ-енергијата кај
овие уреди.
Внимавајте при хирурашки случаи каде што пациентите имаат пореметување на врзните ткива
или прикажуваат одредени патолошки типови (пр. артеросклероза, Кронова болест итн). За да се
добијат најдобри резултати, направете спој на неопфатената васкулатура.
Избегнувајте контакт со метал и пластика кога е активен инструментот. Избегнувајте да сечете
метал или пластика, бидејќи така ножот може да се оштети.
Користете хируршки ракавици специјално дизајнирани од производителот за електрохируршки
постапки. Користењето други ракавици може да предизвика изгореници или шок.
Ако откаже системот, проверете дали има соодветна резервна опрема на располагање која
е релевантна за конкретната постапка.
За време и по активирање во ткивото, вилиците и оската може да бидат жешки. Постојано
избегнувајте ненамерен контакт со пациентот, ткивото, завесите, хируршките облеки или
други одредени места. Површината на активната електрода може да остане доволно жешка да
предизвика изгореници откако ќе се деактивира РФ-струјата.
За да избегнете повреда на корисникот или пациентот во случај на ненамерно активирање
кога не се употребува, вилиците на уредот и оската не треба да бидат во контакт со пациентот,
завесите или запаливи материјали.
За време на активирање на енергија во ткиво, се продуцира топлина којашто може да доведе
до претворање на водата во пареа. Тоа, пак, може да доведе до несакани ефекти врз ткивото
во близина на вилиците, па затоа се препорачува да се преземат мерки на претпазливост за
да се заштити околното ткиво. Поголема е веројатноста овој ефект да се случи во ограничени
затворени простории.
По употребата на инструментот за спојување и трансекција, секогаш проверувајте дали
настапува хемостаза на ткивото. Ако нема настапено хемостаза, треба да се искористат
соодветни техники за запирање на крвта.
Поради отежнатата видливост на внатрешните структури, продолжете полека и не обидувајте се
да вршите стегање/трансекција на големи маси ткиво со едно активирање. Избегнувајте поделба
на големи ткива и/или васкуларни снопови кога го користите инструментот при овие услови.
6

Publicidad

loading